АКТЕРСКА ЕКИПА
Таткото Доксе - Александар Микиќ
Мајката Грациела - Тања Кочовска
Ќерката Ана - Нина Деан/Софиа Насевска-Трифуновска
Тоше - Ивица Димитријевиќ
КРЕАТИВЕН ТИМ И ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Татјана Блажевска - Христова
Костимограф: Ивана Каранфиловски - Уруговска
Насловна нумера „Кец на десетка“
Музика: Yazoo – Only You
Текст, аранжман и продукција: Александар Митевски
Изведуваат: Тања Кочовска, Нина Деан, Драган Спасов - Дац, Александар Микиќ и Ивица Димитриевиќ
Изработка на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ
Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Зорица Благоевска
Светло – мајстори: Игор Ѓеоргиев/Игор Митревски
Тон – мајстор: Александар Арсиќ
Гардеробер: Валентина Чонкова
Реквизитер: Златан Бојчевиќ
Фризер и шминкер: Бранка Пљачковска
БЕЛЕШКА ОД ДРАМАТУРГОТ
ЕДНОСТАВНА МИСИЈАКога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод... Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина...
Целта не ви е да ја доведете конкретната персона во заблуда но доколку персоната се доведе сама, вие не сте виновни! Најважно за такви ситуации е да не се дозволи ни случајно работите да излезат надвор од контрола, тоа, никако, не! И затоа, секој од присутните треба да направи сѐ што е во рамки на неговите можности за да не дојде до такво нешто.
Ситуациите од таков тип имаат силен комичен потенцијал. Темата ни е блиска на сите нас и во случајот, се разбира, функционира како комедија. Извадено е на површина се што е комично а тоа го има во изобилство, било како глума, било како свежи и сочни дијалози, било како општа приказна. Хуморот е спонтан, природен и брзо освојува. Сцената лесно комуницира со публиката.
Мисијата е многу едноставна: публиката да дојде, да ужива во претставата, да си отиде насмеана и задоволна, а утре на работа или во школо да каже каде била и колку убаво си поминала.
Митко Бојаџиски