Управа
Никола Кимовски

Никола Кимовски, директор

На 22 јануари 2025 година, од страна на министерот за култура и туризам на РСМ, Зоран Љутков, за директор на РСМ НУ Македонски народен театар e назначен Никола Кимовски. Имено, Кимовски седум месеци раководеше како в.д директор, а во тој временски период реализираше повеќе настани, проекти, премиери, гостувања и патувања.

Кимовски на 10 јули 2024 година беше назначен за в.д. директор по неговото искуство како испициент, помошник режисер и продуцент во матичната куќа МНТ, каде работи од 2007 г. Неговото 20 годишно искуство на театарски проекти со меѓународни успеси и соработки со важни театарски режисери и познати актери го донесоа на оваа позиција. Дипломира на Факултет за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - отсек продукција, во 2021 година.

РСМ НУ Македонски народен театар - Скопје, НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес, Црногорско народно позориште и германскиот Фрајбург театар се дел од театрите со кои Никола Кимовски има соработувано. Во неговата богата биографија се голем број театарски претстави меѓу кои се: „Сомнително лице“ (2007) во режија на Синиша Евтимов, „Соларис“ (2007) во режија на Златко Славенски, „Големите очекувања“ (2007) во режија на Јован Ристовски, „Марат/Сад“ (2008) во режија на Васил Христов, „Дракула“ (2008) во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, „Свето срце“ (2009) во режија на Љубиша Георгиевски, „Така било пишано“ (2010) во режија на Синиша Евтимов, „Троил и Кресида“ (2010) во режија на Љубиша Ристиќ, „Тупаница полна со љубов“ (2010) во режија на Санди Лопичиќ, „Демони“ (2010) во режија на Златко Славенски, „Психоза 4.48“ (2011) во режија на Ѓорѓи Јолевски, „Свадбата на Фигаро“ (2011) во режија на Леван Цуладзе, „Животот на Молиер“ (2012) во режија на Александар Поповски, „Животот е сон“ (2012) во режија на Владо Цветановски, „Изгубени Германци“ (2013) во режија на Слободан Унковски, „Вечната куќа“ (2013) во режија на Дејан Пројковски, „Не се клади на Енглези“ (2014) во режија на Синиша Евтимов, „Сината птица“ (2014) во режија на Златко Славенски, „Електра“ (2014) во режија на Андриј Жолдак, „Вујко Вања“ (2015) во режија на Зоја Бузалковска, „Мајсторот и Маргарита“ (2015) во режија на Иван Поповски, „Животот е прекрасен“ (2010) во режија на Александар Морфов, „Соларис“ (2016) во режија на Андриј Жолдак, „Ничија земја“ (2017) во режија на Александар Морфов, „Авантурите на Аладин“ (2017) во режија на Бојан Трифуновски, „Дух“ (2018) во режија на Синиша Јаниќијевиќ, „Галеб“ (2018) во режија на Нина Николиќ, „Иванов“ (2019) во режија на Андриј Жолдак, „Мој термин“ (2019) во режија на Синиша Евтимов, „Последната лента на Крап“ (2021) во режија на Ѓорѓи Јолевски, „Работи за кои не зборуваме“ (2021) во режија на Нела Витошевиќ, „Магбет“ (2021) во режија на Андриј Жолдак, „Иванов“ (2021) во режија на Зоја Бузалковска, „Едвард Втори“ (2021) во режија на Андриј Жолдак и други.

Кимовски има работено и како втор режисер или асистент-режисер, кастинг-директор и локациски менаџер на филмовите: „Мерсал“ (2017), „Заб“ (2018) и „Скопје ремикс“ (2012).

Испициент и продуцент е и на концертот „Циркус Европа“ на Горан Трајковски (2007, МНТ), прославата на 20 години независност на Македонија (2011), како и отварањето на новиот објект на Македонски народен театар (2013). Извршен продуцент е на краткометражниот филм „Заб“ (2018) во режија на Ајдин Ислами, а главен дистрибутер на филмот „Нешто слатко“ (2023) во режија на Тин Водопивец.

Васил Ризов

Раководител на сектор за административни, општи и правни работи

Гунтер Кубе

Технички раководител

Кристина Ацковска

Раководител на одделение за материјално-финансиско работење

Верица Донева

Самостоен референт - главен благајник

Сандра Стојмирова

Раководител на сектор за маркетинг и односи со јавност

Мила Анѓелковиќ

Помошник раководител на сектор за маркетинг и односи со јавност

Ивана Јарчевска

Кустос

Неда Ризова

Соработник за административни, општи и правни работи

Деспина Тодоровска

Раководител за координација на кабинет на директор

Марија Димитриевска

Стручен соработник за меѓународна соработка

Југослав Ацески

Технички раководител за координација на сите сценски служби

Лејла Станковиќ

Самостоен референт за административни работи

Абаз Абази

Помлад соработник за меѓународна соработка

Александра Шулевска - Гигевски

Архивар

Гоце Ангелковски

Возач

УПРАВЕН ОДБОР
Ирена Папазова - Атанасоска - претседател
Благоја Петковски - член
Виктор Рубен - член
Деспина Тодоровска - член

УМЕТНИЧКИ СОВЕТ НА НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР
Игор Џамбазов - актер
Александар Микиќ - актер
Јордан Симонов - актер
Тони Михајловски - актер
Ивана Јарчевска - кустос


КОНТАКТ
+389.2.3230.304, +389.2.3216.366 и +389.2.3216.725

Контакт лице овластено за заштитено внатрешно пријавување: Васил Ризов
маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер: Мила Анѓелковиќ
маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk