Претставата „Син понеделник“ од Калија Киселичка и во режија на младиот Борјан Стојков. Претставата е копродукција помеѓу „Перипетија Продукција“ и Македонскиот народен театар и во соработка со студиото за актерска игра „Прва проба“.
Проектот е резултат на повеќегодишниот истражувачки процес во рамките на проектот „TRY – Театарот ги обединува младите“, кој се фокусира на прашањето: „Што се парите и какво влијание имаат врз начинот на кој се доживуваме себеси, другите, општеството и планетата во која живееме?“
„Син понеделник“ се реализира како необичен спој помеѓу младите театарски актерки: Јана Вељановска, Ана Јовановска, Ирена Димеска и Нела Павловска и младите изведувачи: Ана Бимбилоска, Катја Велјаноска, Мина Гјаку, Саша Димитриевска, Андреа Зорзиќ, Елена Кочарева, Ана Марија Марковска, Сара Марковска, Тео Манев, Павел Николоски, Јана Рилкова и Леа Стојков.
Сценографијата ја потпишува Бојана Исијанин, композитор е Симон Пеоски и асистент на режија и сценски движења е Дамјан Цветановски.
„Син понеделник“ е претстава за чекорот кон зрелоста на три млади девојки и нивното соочување со бруталноста на возрасниот свет. Преку нивното пријателство, приказната ги отвора прашањата за класните, социјалните и системските препреки, кои ја обликуваат младоста и ги принудуваат на различни стратегии на преживување. Приказна за растењето, загубата на заедничките илузии и судирот меѓу личните желби и реалноста. Ова театарско дело е производ на заеднички труд и директно ги допира темите и прашањата важни за младите и кореспондира со она што младата публика сака да го гледа на театарската сцена.
„Претставата ја следи кревката, но жестока транзиција на три девојки од Скопје, од адолесценција во светот на возрасните. Тие се фатени во моментот кога растењето повеќе не е избор, туку нужност. Претставата зборува за локални и современи проблеми, кои пред сѐ, се проблеми на мојата генерација, а со тоа сметам дека стануваат универзални“, вели режисерот Стојков.
За две години, во рамки на проектот „TRY“ беа реализирани 10 креативни работилници за млади и два меѓународни креативни кампа, одржани во Скопје и Белград, преку кои, три групи на средношколци (од Македонија, Грција и Србија) имаа можност активно да се запознаат со театарот и да учествуваат во креативни процеси наменети за млада публика, како и да ги споделат и истражат за нив важните тами, прашања и проблеми. Со оваа претстава се заокружува основната идеја на проектот – создавање театар од млади и за млади – како одговор на недостатокот на театарски содржини посветени на младата публика во регионот.
Програмата „TRY - Театарот ги обединува младите“ е меѓународен проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија, во соработка со Македонскиот народен театар и Театарот за деца и младинци – Скопје. Во проектот учествуваат пет меѓународни организации од Србија, Чешка, Грција и Македонија: „Eho Animato“, „Peripetija Production“, „ArtCanAct“, „Tri Groša“ и „ViceVersa“.
АКТЕРСКА ЕКИПА
Јана ВељановскаАна Јовановска
Ирена Димеска
Нела Павловска
Ана Бимбилоска
Катја Велјаноска
Мина Гјаку
Саша Димитриевска
Андреа Зорзиќ
Елена Кочарева
Ана Марија Марковска
Сара Марковска
Тео Манев
Павел Николоски
Јана Рилкова
Леа Стојков
КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Автор: Калија КиселичкаРежисер: Борјан Стојков
Инспициент: Александар Рајковски
Технички раководител: Гунтер Кубе
Координатори на технички служби: Даниела Атанасова и Југослав Ацески
Светло-мајстор: Дарко Младеновски
Светло-оператор: Кристијан Блажевски
Реквизитер: Зоран Крстевски
Гардеробери: Валентина Чонкова и Елизабета Стамчевска
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Лора Спасовска
Декоратери:Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Мартин Китановски, Синан Ракиповски, Ибрахим Рамановски, Нерхан Османовски, Хусеин Халили, Зекирија Алим и Дурмиш Сефер
Изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар), Дарко Дуковски (вајар), Зоран Миновски (бравар)

