BIVIR... BIVIR...

  • Автор: Снежана Коневски-Руси
  • Режисер:

    Снежана Коневски-Руси

  • Информации: Асистент на режија: Борче Начев
    Соработници: Александра Суботиќ, Софиа Насевска Трифуновска и Александра Кочовска Начева 
    Дизајн на рекламен материјал: Магдалена Добревска

    Ко-продукциски проект помеѓу РСМ НУ Македонски народен театар и АРТ КУЛТ-УРА! 

    Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ

     
     
  • Времетраење: 60 минути
  • Пауза: Не
  • Сцена: Мала

BIVIR...BIVIR (ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ) Монодрама за идентитетот, меморијата и заветот на преживеаните „Ако преживееш – мора да раскажеш. Тоа е твојата света должност.“ BIVIR е приказна за Хана Коен – една од ретките која и покрај сите премрежја, го изоди патот од битолското „Чифлик маало“ до ветениот Ерусалим. Ова не е само историски наратив за холокаустот; ова е интимна исповед која ги преплетува судбините на еврејскиот и македонскиот народ. Низ фрагменти од сеќавања, Хана не води низ различни простори во различно време на различни јазици (Ладино, Македонски, Српски и Ромски), трагајќи по одговорот на вечното прашање: *Кои сме кога светот се обидува да не избрише?* ЗОШТО „BIVIR“? На јазикот на Сефардите, Bivir значи да се преживее. Клучни теми кои ги отвора драмакиот текст а и самата постановка се: Идентитет под опсада- паралела помеѓу историската голгота на Евреите и современите предизвици на македонската самобитност. Како еден културен мозаик, оваа претстава не води низ Специфичниот дух на стара Битола, звуците на Шабат и ехото на минатото. Монодрамскиот текст Bivir...bivir е добитник на трета награда на анонимниот конкурс за монодрамски текстови (НУ Центар за култура – Битола, 2023). Универзална порака која ја носи оваа претстава е комуникацијата со меѓународната публика преку теми за човековите права, траумата и надежта. „Животот го играме... приказната ја живееме." BIVIR... – доказ дека само живите можат да го победат заборавот

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk