[vc_row][vc_column el_class=".pozadina"][vc_column_text] „ВЕЧНАТА КУЌА“ ВО АПРИЛ НА ВРВЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ЕВРОПА МНТ во друштво на театарската елита во Будимпешта Еден ден пред изведбата на нашиот театар кој е единствен од регионот, ќе гостува славниот „Бург-театар“ од Виена, во програмата се претстава на Еуџенио Барба, на италијанскиот актер и режисер Тони Сервилјо Сребра Ѓорѓијевска Македонскиот народен театар на 20 април ќе ја игра претставата „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски на голем меѓународен фестивал што го организира националниот театар од Будимпешта. Околу 120 актери и технички кадар еден ден пред тоа ќе патуваат во унгарската престолнина. Ова ќе биде прво меѓународно претставување на најмасовната наша претстава досега, чија премиера се случи на 7 декември 2013 година, по повод отворањето на новиот театар. МНТ ќе биде во друштво со големи европски театри, што ни се случува по долги години - „Бург-театар“, „Один театар“, „Талија“ од Хамбург, претстави на италијанските режисери Тони Сервилјо и Еуџенио Барба и многу други. „Бург-театар“ еден ден пред МНТ Нашиот театар ќе биде единствениот учесник од регионот, а поканата дојде откако драматургот на Националниот театар од Будимпешта ја бендисал претставата. - За МНТ е најважно што ќе бидеме во репрезентативна програма со елитни театри. Ден пред нас настапува виенскиот „Бургтеатар“, игра претстава на Еуженио Барба, важна е конференцијата посветена на Мејерхолд. Кога го организиравме отворањето на новиот театар, поканивме директори на театри и на фестивали од повеќе земји. Дел од нив ги знаевме, дел им пративме официјално. За радост, драматургот на Националниот театар од Будимпешта, Ермес Веребеш одговори позитивно, дојде, ја гледаше претставата и веднаш ни изреагира дека му се допаѓа и дека е епска. Поканата за фестивалот дојде по неколку месеци. Пред некоја недела дел од менаџерите бевме гости на театарот и одушевен сум од пристапот и од сериозноста на театарот – вели Пројковски, кој е и уметнички директор на МНТ. Со оглед на тоа дека „Вечната куќа“ е технички комплексна претстава, сценски работник на МНТ ќе биде во театарот шест дена претходно за да може да се прилагоди претставата на нивните услови. На интернет-страницата на Националниот театар од Будимпешта веќе е најавено гостувањето на МНТ. Министерството за култура ќе го помогне патувањето, но тоа нема да чини многу поскапо од гостување на помалобројна претстава. Организаторот ќе ги покрие поголемиот дел од трошоците, а важно за МНТ е и тоа што театарот ќе добие хонорар за гостувањето, што не се случува често, вели Пројковски. Претставата досега кај нас ја виделе околу 15 илјади гледачи, беше целосен победник на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Во март претставата ќе биде четири пати на репертоар. МНТ е во преговори за уште едно гостување на претставата во странство. Нациоаналниот театар од Будимпешта е еден од најстарите во Европа, основан во 1837 година. Фестивалот трае две недели Една од претставите на програмата е „Внатрешни гласови“ („Inner voices“) на италијанскиот актер Тони Сервилјо, еден од најпопуларните италијански актери на денешницата, кој ја толкува главната улога во филмовите на Паоло Сорентино, „Животот е убав“, „Гомора“ и други). „Бургтеатар“ ќе гостува со „Галеб“ од Чехов. Фестивалот нема натпреварувачки карактер. Интересно е што трае цели две недели. Идејата е да се создадат долговечна и креативна врска помеѓу театрите од регионот кои се трудат да бидат иновативни. Наместо со современа драматургија, програмата се фокусира примарно на продукциите што се создадени со промена на трендови, главно базирани на класични претстави, но визуелно модерни , вели директорот на театарот, Атила Виднијански. [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column el_class=".pozadina"][vc_column_text] НАЦИОНАЛНИОТ ТЕАТАР НАЈАВУВА ЗНАЧАЈНА ГОДИНА Морфов, Пандур, Поповски – лига на шампиони во МНТ Дојде време да не се радуваме на претстави само на МОТ, на Охридско лето, ами ги имаме режисерите кај нас и тој процес на работење два-три месеца ќе даде дополнителен образовен елемент кај нашите актери. После такви процеси театарот едноставно станува позрел, се гледаат недостатоците и нова генерација млади актери – објаснува уметничкиот директор на МНТ, Дејан Пројковски. Сребра Ѓорѓијевска До пред некоја година се радувавме кога можевме да проследиме нивни претстави од странски продукции, а годинава ќе ги имаме тројцата во една година, вели уметничкиот директор на Македонскиот народен театар, во врска со работата на големите режисерски имиња годинава. Иван Поповски, Александар Морфов, Томаж Пандур се сон за секој театар, а македонската публика ќе може да ги ужива годинава. Сите со големи класични наслови ќе и се посветата на програмата на МНТ. Со нивни нови продукции Морфов и Пандур ги гледавме лани, а годинава нивните имиња ќе бидат впишани во репертоарот на најголемиот национален театар во земјава. За уметничкиот директор на театарот, Дејан Пројковски, МНТ годинава треба да ја потврди својата зрелост. - 2015-а година си ја нареков лига на шампиони и мислам дека е многу клучна. Со доаѓањето на Андриј Жолдак се проверивме дека можеме да испорачаме квалитет што се бара, а и дали МНТ може да си дозволи да му се случуваат нови големи работи. Ме радува тоа што посебно Жолдак во разговори во Русија, вториот дел на „Електра“ си го нагласува како нов творечка насока. Фактот дека влеговме во големи преговори со театарски фестивал од Виена за 2016 година за копродукција што би ја работел токму тој, зборува за тоа колку тој бил задоволен овде. Важно е да создаваме големи претстави – вели Пројковски. МНТ: Добрите режисери го јакнат ансамблот Тој додава дека во последните две години го освојувале новиот простор во сценска смисла, а следна фаза би било да се спојат сите придобивки за да се спои големиот ансамбл и технолошките придобивки. - Дојде време да не се радуваме на претстави само на МОТ, на Охридско лето, да чекаме специјални гостувања, ами ги имаме режисерите кај нас и тој процес на работење два-три месеца ќе даде дополнителен образовен елемент кај нашите актери. После такви процеси театарот едноставно станува позрел, се гледаат недостатоците, се гледа новата генерација млади актери – објаснува Пројковски. Прва премиера што би излегла годинава ќе биде „Вујко Вања“ на Зоја Бузалковска, која во МНТ последен пат работела во 1999 година на премиерата на „Песочна сложувалка“. Би следела премиерата на „Дон Кихот“ од бугарскиот режисер Александар Морфов. Пројковски објаснува дека уште во студентските денови ја следи неговата работа на театарските сцени во Софија, а особено во театарот „Иван Вазов“, каде Морфов неодамна стана уметнички директор. - Студирав во Бугарија и тогашниот Народен театар беше на многу ниско ниво. Морфов ја работеше „Бура“ во театар „Софија“, а „Волшебна ноќ“ во Враца. Кога гостуваше во „Иван Вазов“ со тие две претстави, во тој театар се случи револуција. Преку ноќ почна да се полни со публика. Според мене, Морфов и Лили Абаџиева се меѓу најзаслужните режисери што го прават тој театар да биде голем каков што е – смета Пројковски. Наесен се очекува да излезе премиерата на „Мајсторот и Маргарита“ од Булгаков, чии проби уште лани ги почна Иван Поповски. Нашиот културен амбасадор во Русија ќе и се врати на својата актерска екипа на пролет, кога треба да се заврши претставата. Поповски последен пат во Македонија ја постави „Маседоан Одисеја“ во далечната 2001 година. Големиот словенечки режисер Томаж Пандур, која лани беше гостин на „МНТ-фест“ со неговата „Медеја“ ќе почне со работа 1 октомври. Првичниот план е да ја работи „Зимска бајка“ од Шекспир, но можно е да се премисли и да ја работи „Фауст“, објаснува Пројковски. МНT: Голем театар и годинава Заедно со в.д директорот на театарот, Дејан Лилиќ, веќе се работи на програмата на новото издание на „МНТ-фест“. - Годинава ќе обрнеме внимание на нови работилници, а неколку гости што ќе ги поканеме, ќе настојуваме да режираат в година, исто како што направивме со Морфов и Пандур. Повторно ќе собереме големи национални театри. Ако лани го имавме „Глоуб“ и годинава ќе имаме голем театар од Европа. Во моментов веќе имаме на ум две-три имиња што би работеле во наредните две години – вели уметничкиот директор и додава дека една од најважните работи за театарот годинава ќе биде да се отворат вратите кон светот, а факт дека тоа почна да се случува е поканата во април да гостуваат на меѓународен фестивал во Националниот театар од Будимпешта, со претставата „Вечната куќа“. Во однос на помладата публика, театарот ќе реализира проект за соработка со средните училишта. Имено, по избор на училиштата, годишно би се поставувале по една до две претстави според лектирни изданија, а младите ќе можат да го видат театарот и зад сцена. Пројковски е задоволен од изборот на новите режисери, драматурзи што ќе го градат имиџот на оваа институција. - Последните неколку години се многу важни за културата, се реши проблемот на театарската зграда. Досега генерално сите игравме во мизерни услови. Втората фаза е влезот на драматургот во театрите. Тоа е голем потег. Влезот и на режисерите ќе го засили чувството на трупа и можноста секој театар да си се издвои, тие ќе го освестат повеќе репертоарниот момент. Успеавме да го вработиме Дејан Дуковски, тој е икона и неговото место е тука. Земавме и млади автори кои ќе можат да растат со МНТ – појаснува Пројковски. Во МНТ во тек е избор на нов директор. Четиригодишниот мандат на Дејан Лилиќ истече во ноември, а Владата се уште се нема изјаснато дали актерот ќе добие втор мандат или ќе биде заменет со ново име. Сребра Ѓорѓијевска[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]