Инерција на уништувањето
Во сценариото Ничија земја на Данис Тановиќ станува збор за војната што се случи во деведесеттите години на дваесеттиот век во границите на поранешна Југославија. Причината е слична како и за сите настанати војни ― агресивното опстојување и наметнувањето на своевиден културен идентитет (вклучувајќи ја и верската припадност) што се меша со територијални, политички и економски претензии. Интересно во случајов е дека завојуваните страни ― Бошњаците и босанските Срби ― се многу блиски во секоја смисла. Оттука и впечатокот дека непомирливите разлики меѓу нив се несуштински, а конфликтот ― неодржлив. Тие војуваат, дури не можат точно да утврдат зошто и како започнало сè – се прашуваат, но не наоѓаат одговор. Но продолжуваат да се убиваат... Ако овој текст сепак успева да надогради нешто малку поразлично од веќе познатото во опширно развиената воена тема, тоа се состои во појавата на страшната и бескрајна инерција на уништувањето.
Стојан Радев
АКТЕРСКА ЕКИПА
Чики – Сашко Коцев
Цера – Тони Михајловски/Никола Ацески
Нино – Александар Михајловски
Рамбо – Гораст Цветковски
Бошко, наредникот на српскиот камп – Александар Микиќ
Миле Прлиќ, офицерот на српскиот камп и фотограф – Томе Станковски/Славиша Кајевски
Чело, офицерот на босанскиот камп и камерман – Александар Ѓорѓиески
Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН – Борче Начев
Капетанот Дибоаи Калауза – Оливер Митковски
Џејн Ливингстон, новинарката на СНН – Камка Тоциновски
Генералот Смит - Ненад Анѓелковиќ
Генистул, деминерот – Никола Стефанов
Томе Станковски
Пјер, кампот на УНПРОФОР – Стефан Спасов
Сержант Маршанд, наредникот на УНПРОФОР – Григор Јовановски
Секретарката, кампот на УНПРОФОР – Кристина Гиева
Емир, босанскиот камп, војник и Џорџ во кампотна УНПРОФОР – Филип Миленкоски
Секретарката, кампот на УНПРОФОР – Марија Кондовска
Војник во српскиот камп-Томе Станковски
КРЕАТИВЕН ТИМ И ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Сценографи: Никола Тороманов и Валентин Светозарев
Костимограф: Валентин Светозарев и Никола Тороманов
Дизајнер на светло: Крис Јегер
Асистенти на режисерот: Николина Кујача и Никола Кимовски
Инспициент: Никола Кимовски
Преведе од англиски: Марија Димитриевска
Лектор: Тодорка Балова
Избор на музиката: Александар Морфов
Раководител на работилници: Татјана Блажевска - Христова
Вајари: Ангелчо Петровски и Дарко Базерко
Светло – мајстор: Игор Митревски
Тон – мајстори: Ненад Трпеноски и Симон Кипровски
Фотограф: Драган Гајиќ
Суфлер: Тања Ивановска
Реквизитери: Соња Крстевска и Лазо Миев
Гардеробери: Фиданчо Петровски, Скендер Бериша и Светлана Апостолска
Фризери и шминкери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска
БЕЛЕШКА ОД ДРАМАТУРГОТ
Ќе ја деминира ли некој мината под задников!?
За „Ничија земја“ на Данис Тановиќ
„Ничија земја“ е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како во мирнодопски, така и во „воени“ услови. Братоубиството е дел од битисувањето на народите на ова проколнато парче земја, каде што секој секому е подалечен роднина, секој секого разбира, каде што секој секого мрази и љуби, едновремено.
Драмската ситуација ― војна, во која се развива оваа црна комедија е метафора на нашата перманентна духовна, но и фактичка состојба на „војна и омраза“ со „братските“ соседни народи, но и внатрешно, меѓу нас.
Тановиќ, избира извонредно место за драмското дејство. Ничија земја! Што би се рекло ― ни ваму ни таму, токму така како што сите ние се чувствуваме замешани во оваа балканска каша. Ни ваму ни таму! Тоа е проклетијата наша балканска. Ни ваму ни таму. Ни (со) исток ни (со) Запад. Ни напред ни назад. Ни горе ни долу. Заглавени во „ничијата земја“ заборавена од светот и векот, за која е изгубена секаква надеж од деминирање на глупавата нагазна механичка мина што сами себеси си ја подметнавме под задникот.
Значи, Данис Тановиќ задава една ваква драмска ситуација. Одат двајца Срби, наоѓаат умрен Босанец, и под задникот му ставаат нагазна мина. Ама, доаѓаат Босанците, го заробуваат едниот Србин, и тогаш од немајкаде оживува умрениот Босанец со нагазна мина под задникот. Мрдне ли, сите одат во воздух. И ете ти малку зафркната ситуација. Потребен е деминер! Итно се бара помош од „штрумфовите“ како што досетливо ги нарекува Тановиќ Унпрофорците. Но, тие не се занимаваат со вакви лудаци што сами себеси си подметнуваат мина под задникот, сѐ додека не се појават медиумите, па препознаваат можност за самопромоција на своите демократски, цивилизациски успеси пред јавноста што се создаваат на лице место. „Се сликаат“ и си заминуваат оти мината што сами си ја поставуваме под задникот никој не може да ја деминира.
Денес е посебно лесно да се препознаеме во метафората на Тановиќ, за жал.
Загорка Поп-Антоска Андовска, драматург