„Ноќ на боговите“ на сцената во МНТ

Претставата „Ноќ на боговите“ е поставена по текстот на Миро Гавран, во режија на Марко Манојловиќ, а на големата сцена во МНТ ќе биде одиграна на 10-ти мај со почеток во 20 часот. Во оваа трагикомедија со елементи на фарса, или како што обично велат актерите – „животна претстава“ играат: Војин Ќетковиќ во улогата на Луј XIV, Дејан Луткиќ во улогата на Дворскиот шут и Небојша Илиќ во улогата на познатиот драмски писател Молиер.

Динамичната драма на Гавран за љубовта, пријателството и владеењето, полна со неочекувани пресврти, кои на театарската публика и го задржуваат здивот, во изминатите 25 години имаше дури 19 театарски премиери ширум светот, од Сараево, Марибор, Подгорица и Мостар, до Вашингтон, Мелбурн, Софија, Прага.

Германската издавачка куќа Anton Hiersemann Struttgard во последните педесет години секоја трета година објавува избор на најдобри светски драматичари, а во 2007 година на листата се и трите драмски текста од авторот Миро Гавран – „Креонтовата Антигона“, „Љубовите на Џорџ Вашингтон“ и „Ноќ на боговите“. Миро Гавран за оваа претстава вели: „Во оваа необична фарса полна со неочекувани фабулативни пресврти се дава изобилство на материјал за изградување на уверливи улоги. Кога пишувам нов драмски текст, секогаш имам желба и актерите и публиката да уживаат кога претставата ќе заврши. Се надевам дека тоа ќе се случи и со оваа изведба“.

„Ноќ на боговите“ гостува во Скопје благодарејќи на желбата на Ќетковиќ, Луткиќ и Илиќ да ги оживеат „карактерите кои се архетипски, но и денес ги пронаоѓаме во секојдневниот живот“.

Луткиќ за претставата вели: „Таа не спои. Сите тројца почувствувавме возбуда, прво како читатели на драмата, а подоцна се јави и потреба да се обидеме како уметници да ја пренесеме таа возбудата до публиката. Поделбата произлезе од желба да играме ликови, какви што не сме играле до сега. Да излеземе од нашата „удобна зона“ и да и` се претставиме на публиката во ново светло“.

Билетите се пуштени во продажба онлајн преку веб-страницата на МНТ - www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ, a oнлајн билетите може да се купат исклучиво во партер по цена од 600 ден.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk