Репертоар

ГЛОБАЛЕН ЛИДЕРСКИ САМИТ МАКЕДОНИЈА 2019

Петок, 22 Ноември 2019 | 09:00
Event cover_800x1200 (1).jpg

ГЛОБАЛЕН ЛИДЕРСКИ САМИТ МАКЕДОНИЈА 2019
#007 License to Lead
130+ земји
60+ јазици
450 000 + учесници


7ми Глобален Лидерски Самит во Македонија. Едно мото: води каде што си.
Без изговори. Бизнис. Образование. Политика. Студии. Креативен сектор.
Глобалниот Лидерски Самит Македонија сака да ти даде поддршка на твојот пат, да ти овозможи
врвен контекст за личен, тимски и компаниски растеж по најпристапна цена зашто точно знаеме
каде сме сите во Македонија денес.
Ваквата визија ГЛС ја спроведува преку овозможување ексклузивни видео говори на врвни светски
водачи, говорници во живо, практични материјали и контекст за локална интеракција како и
вмрежување.
Говорниците на Самитот доаѓаат од различни позадини вклучувајќи светски познати бизнисмени,
афирмирани уметници, врвни хотелиери, креативци од филмската индустрија, инспиративни
пастори од американските цркви, докажани борци за човекови права, политичари со широк спектар
на делување, креативни организициски водачи.
Сите тие нудат уникатен микс на визија, инспирација и практични вештини кои
можeте да ги примените веднаш.
Да ви ги претставиме говорниците на ГЛС 2019 – 007 License to lead:
• Крег Грошел (видеокаст) - Коосновач и постар пастор, Life.Church
Крег Грошел е постар пастор на Life.Church, иновативна црква, која одржува средби на повеќе
локации во САД и глобално онлајн. Познат по користењето на најновата технологија во
мисионерскиот пристап, Life.Church е креаторот на YouVersion Bible App, апликација за Библијата,
која што може да се преземе во секоја земја. Грошел се рангира меѓу првите 25 главни извршни
директори во САД (на мали и средни компании) и е најдобро продаван автор според Њујорк Тајмс;
често одржува говори низ Северна Америка и низ светот и го хостира подкастот Craig Groeschel
Leadership - со повеќе од еден милион преземања месечно.
• Џејсон Дорси (видеокаст) - Најдобро рангиран говорник на генерацијата З и на милениумската
генерација; претседател на Центарот за генерациска кинетика, кој преку истражување, говорење
и советување овозможува да се разграничи генерацискиот мит од вистината за лидерите во светот.
Неговиот тим ги менува светските брендови во насока на придобивање на секоја генерација и
презема клиенти од последната до првата за задржување на вработените и за раст на клиентите.
Се смета за генерациски говорник и истражувач бр. 1, а Адвик (Adweek) го нарекува „истражувачки
гуру“. Дорси користи оригинални истражувања базирани на факти за да ги објасни генерациските
однесувања.
• Лиз Бохенон (видеокаст) - Коосновач и главен коизвршен директор, Sseko Designs
Лиз Бохенон е основачката на Sseko Designs, социјално свесен моден бренд, кој работи да создаде
можности за лидерство и образование за жените во светот. Таа верува дека бизнисот е моќна
платформа за социјална промена и дека девојките се нашата иднина. Според американскиот
бизнис-магазин Блумберг Бизнисвик (Bloomberg Businessweek) таа е на врвот на листата на
социјални претприемачи, а според Форбс (Forbes) е во врвните 20 говорници. Во нејзината книга
„Beginner’s Pluck“, која ќе се промовира на Самитот, Бохенон го користи своето патешествие за да
истражи 14 принципи, не за наоѓање, туку за градење живот со цел, страст и влијателност.
• Патрик Ленсиони (видеокаст) - Најдобро продаван автор; Основач и главен извршен
директор, The Table Group
Патрик Ленсиони e автор на единаесет најдобро продавани книги, бестселери, со пет милиони
продадени примероци, меѓу кои е и „Петте дисфункции на еден тим” (The Five Dysfunctions of a
Team). Преку посветеноста на обезбедување идеи, производи и услуги за организациите за
подобрување на тимската работа, за јасно дефинирање на улогите и ангажманот на вработените,
неговите модели на лидерство им служат на разни компании, од оние на Fortune 500 до
професионални спортски организации и цркви. Како фаворит на Самитот, Ленсиони ќе зборува за
својата нова работа за мотивацијата и за тоа како таа го обликува нашето лидерство.
• Д-р Криш Кандаја (видеокаст) - Основач, Home for Good; Консултант; Социјален
претприемач
Д-р Кандаја е застапник за хранителство и посвојување, основач e на „Home for Good“, добротворна
организација која се обидува да најде постојани домови за децата во рамките на британскиот
хранителски систем. Автор е на 13 книги, меѓу кои и на последната, „Вероизам: Зошто христијаните
и атеистите имаат повеќе заедничко од што мислите“ (ориг. Faitheism: Why Christians and Atheists
have more in common than you think). Редовно емитувана на Би-би-си и е соработник на Гардијан и
на лондонскиот Тајмс. Како меѓународен говорник и консултант, тој нуди креативност и академско
размислување за остварување на стратешк, културна промена и иноваторство. Д-р Кандаја и
неговата сопруга имаат седум деца со раѓање, посвојување и хранителство.
Говорници во живо на Глобалниот Лидерски Самит 2019
• Јане Честовалиев - Говорник во живо на Глобалниот Лидерски Самит 2019 – Основач и
сопственик на регионалната фармацевтска компанија 4UPHARMA.
• Ralph Juhre - Говорник во живо на Глобалниот Лидерски Самит 2019 - Основач и главен
извршен директор на Ingenior Training & Consulting
Ралф Јухре е успешен оперативен претприемач, тренер, консултант, автор и главен говорник уште
од 1995 година. Ралф Јухре е магистер по организациски развој и е експерт за управување со
промена, трансформација, транзиција и квалитет. Тој повеќе од 25 години, поддржува многу
компании и непрофитни организации во нивните предизвици. Во слободно време тој е пејач,
текстописец и активен во промовирање на семејството.
• Бојан Јоксимовиќ - Говорник во живо на Глобалниот Лидерски Самит 2019 -
Управител-партнер / коосоновач на O5 Transformation Design Consultancy
Бојан Јоксимовиќ има преку 25 години искуство во маркетинг индустријата. Имал можност да
учествува во развојот на локалната индустрија како директор на SVA агенцијата. Од 2003 Бојан бил
на чело на белградскиот оддел на компаниите на Omnicom, TBWA и OMD, едни од најуспешните
глобални адвертајзинг и маркетинг агенции. Усовршување преку програмот на Omnicom Learning
from Leaders го крунисал со големо интернационално признание Disruption Award 2013 година за
најкреативна агенција во Централна и Источна Европа. Неговото искуство во управување со
брендови, креирање стратегии и однесувањето на брендови вклучува компании како што се Coca
Cola, Henkel, Visa, Beiersdorf, McDonald’s, MolsonCors, adidas, GSK, Delhaize, Renault Nissan, Dunav
Osiguranje, Telekom Srbija, Banca Intesa, UniCredit Bank, Michelin, TetraPak и многу други. Кариерата
ја продолжува преку универзитетска пракса како предавач на ”Факултетот за медиуми и
комуникации” на Универзитетот Сингидунум и творец на предметот ”Бренд Култура 2.0”. Од 2016 е
менаџерски партнер на О5, прва регионална консултантска група специјализирана за развој и
управување со брендови, каде како консултант на многу компании многу успешно ги практикува
современите методологии на работа од овие области.
РАНА ПРОДАЖБА НА КАРТИ ЗА ГЛОБАЛНИОТ ЛИДЕРСКИ САМИТ 2019
За само 1500 денари ти и твојот тим бидете дел од најголемиот лидерски настан на
светот.
Ако си прочитал до тука, тогаш многу веројатно е дека си спремен да ни се придружиш
подобрувајќи се себеси и својот тим преку вклучување во ова светско движење.
За градање на Македонија за која сите ние сонуваме.
За нас и за идните генерации.
-  22-ри Ноември, 09-16:30 часот
-  Македонски Народен Театар
-  Глобален Лидерски Самит Македонија 2019

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    со пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk