Според оригиналното дело на ГАБРИЕЛ ГАРСИЈА МАРКЕС
Адаптација: ЗВЕЗДАНА АНГЕЛОВСКА И КАТИНА ИВАНОВА
„Љубовна расправа против еден седнат маж“
УЛОГА
Катина Иванова - Грасиела
Превод од шпански: Огнена Никуљска
Дизајн: Теодора Стојановска и Јасмина Дракул ( Студио Дракул)
Светло - мајстори: Илија Тарчуговски и Дарко Младеновски
Тон - мајстор: Ненад Трпеновски

МНТ
Пирастро и Мал Драмски
на
СРЕБРЕНА СВАДБА
(Ве канат-сите со подароци или без-како што милувате)
Маркес ни подари приказни бајни на земјава цела,
преведени на јазици разни.
За Нас Огнена Никуљска го преведе ко маж
а Звезда и Кате го искратија баш.
Тој, што сакал рекол но зборот во живот, во режијата на Звезда,
СЕ ИСПЕКОЛ!
Грасиела – К. Иванова, од мочуриште едно, Харис де ла Вера
(Салон 29), ја прекри со злато вредно.
Дракул Јасмина ја облече и накити ко ангел,
Теа Стојановска со пријателките и подари свадбени двори
а Љубо (Белина) со фарба ги обои.
Невестата помлада да биде Елена и Фоте,
шминка и фризура (Панаш студио) и даде.
За да се види тоа чудо Илија мајстор и Дарко чирак
ја осветлија лудо!
За свадбата весела да ни биде, бендот го нарача Звезда,
а музика вистинска за да има, Васко Серафимов не мораше ни да се штима.
Ненад музика пушта а Кимо во филинг ќе се впушта.
Синиша се ќе контролира, а Викса ќе – инсистира.
Бисера Станковска удри по едно кадро-фото,
а Срѓан Ј. на плакатот даде „големо мото“.
Да не беше црни Филиповски Љупчо (www. Styling-portal.com)
да ни обели образ, сите ќе бевме без образ.
Поканите ги подготви (Бела Вита), ја покани и накити
целата сватовска свита.
Преведува Јандревска Бики, писма дарува, ене ја и Јагода наша, Теоман, Анкица и Ѓорѓе креваат чаша.
Сандра се радува, УРААА, ПАТУВАМЕЕЕЕ,
со (Сковин) наздравуваме

