Вечерва на 6 февруари со почеток во 19:00 часот, на малата сцена, ќе се одигра претставата „Еволуцијата на распадот“ по „Отело“ на В. Шекспир во класа по актерска игра и театарска режија на проф. Дејан Пројковски. Режисер на претставата е Дамјан Димовски, а како композитор се потпишува Дарко Спировски, во продукција на ИУ Еуропа Прима.
Во „Еволуцијата на распадот“ играат: Илин Јовановски - Јаго, Тодор Стојковски - Касио, Бранко Михајлоски - Отело, Ѓорѓе Нешковиќ - Родриго, Леонида Гулевска - Дездемона и Илина Чонкова - Емилија.
Билетите се достапни на билетарницата (бесплатно) во МНТ од 12:00 часот до 19:00 часот и истите се во ограничен број.
- Локација
Мала сцена
- Времетраење
минути
- Изведбата е
со пауза