ОПИС НА ПРОГРАМАТА
По три години од успешниот стенд-ап на Никола Ѓуричко „Сѐ што сакавте да знаете за Џони, а никогаш не се осмеливте да го прашате“, Никола Ѓуричко подготви нова програма под наслов „Show biz“. Оваа зима, во период од еден месец, ќе настапува во Србија, регионот и дијаспората во рамките на голема турнеја. Новиот материјал, како и минатиот пат, Никола Ѓуричко го напиша сам и се однесува на неговиот живот, кариера и семејство. И оваа шоу-програма има за цел на духовит начин да раскаже интересни детали од неговиот живот и професионален пат. Никола Ѓуричко: „’Show biz‘ е моето ново стенд-ап шоу. Речиси три години не настапував, па се зажелев за луѓе, за публика. Имам многу нов материјал, на пример, зошто ме фаќаа за јаката, зошто морав да присуствувам на породување или зошто го пријавив син ми во полиција. Тоа се само некои нови животни искуства и сознанија што сакам да ги споделам со луѓето.“ Џони Златоуст – човек што лекува со зборови. Хумор за духовитите.