Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде традицијата се среќава со современиот израз! Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ве поканува на својот традиционален Велигденски концерт, со насловот
„Велигденско празнување“ кој оваа година носи посебна порака и енергија поврзано со моќното мотото на новата концертна сезона
„Пулсот на предците во ритамот на денешницата“ „Танец“ ќе претстави програма која е мост помеѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет.
Очекувајте Безвременски кореографии, моќни гласови на хорот и солистите, раскош на македонските народни носии, секоја со своја приказна и вез, концерт кој го слави животот и воскреснувањето на традицијата во новото време.
·
Датум: 08.04.2026 година ( среда )
·
Место: Македонски народен театар, Скопје
·
Почеток: 20:00 часот
Билетите ќе бидат достапни на билетарницата на
МНТ и онлајн преку официјалната мрежа на
МНТ.
Придружете ни се во Македонскиот народен театар, каде сцената ќе пулсира со енергија на нашите предци, интерпретирана од професионалноста на врвните уметници на „Танец“.
- Локација
Голема сцена
- Времетраење
минути
- Изведбата е
без пауза