Репертоар

Танц Фест 2026 година

 

Четврток, 23 Април 2026   |    21:00

КУПИ БИЛЕТ ВО ПАРТЕР
МНТ Програма Скопје Танцова Платформа (1).png
 

СКОПЈЕ ТАНЦОВА ПЛАТФРОМА на Танц Фест 2026

Ве покануваме на вечер посветена на современиот танц, во која публиката ќе има можност да проследи селекција на актуелни сценски дела.

Програмата носи различни авторски пристапи и сценски јазици, обединети во една вечер што ја истражува моќта на движењето како израз и комуникација.

21:00 - „РИЏЕС”, Ермира Горо - СВЕТСКА ПРИМИЕРА
Претставата „РИЏЕС“ на Ермира Горо е современо танцово дело кое го истражува односот помеѓу телото, сеќавањето и идентитетот. Преку минималистички сценски пристап и фокусиран физички израз, делото создава простор во кој движењето функционира како носител на лични и колективни наративи. Кореографијата се развива низ трансформации на телото, градејќи динамика помеѓу контрола и ослободување, присуство и дистанца.

Креативен тим

  • Кореографија и концепт: Ермира Горо

  • Музика: Алики Лефтероиоти

  • Изведувачи: Мариел Брахимлари, Виктор Константиновиќ, Маргарета Синковиќ, Самела Скендераси

  • Ko-Продукција: Танц фест Скопје/ Интерарт, Културен Центар (Скопје, Северна Македонија), Dance Week Festival  / Hrvatski institut za pokret i ples (Загреб, Хрватска),  Albania Dance Meeting (Тирана, Албанија), 2026


Времетраење: 60 минути


RIDGES е копродукција во рамки на Moving Balkans платформата за современ танц, ко-финансирана од ЕУ.

Пауза 10 минути 


22:10 -  “ГЛОРИУС ЕПИК”, Софија Маврајани (ГР)

„Glorious Epic“ ја деконструира идејата за епското и херојското во современиот свет, префрлајќи го фокусот од грандиозното кон интимното и апсурдното. Преку физички интензивен и сценски експресивен јазик, делото игра со очекувањата на публиката, комбинирајќи иронија, хумор и критичка дистанца. Перформансот го преиспитува концептот на „спектакл“ и улогата на телото како носител на значење во време на постојана визуелна преекспонираност. Со силна сценска енергија и јасен авторски став, „Glorious Epic“ отвора простор за ново читање на современиот мит. Уметнички Тим
Концепт и Кореографија: Софија Маврагани
Изведба, ко-режија: Марија Брегијани, Ефтимиос Москопулос
Музика: Талија Јоаниду
Дизајн на светло: Тодорис Михопулос
Костими: Хрисантос Христодулу
Драматургија: Јоана Валсамиду
Уметничка соработка: Јанис Рафаилиду


Времетрање: 40 минути

Еден билет важи за двете престави.

СКОПЈЕ ТАНЦОВА ПЛАТФОРМА на Танц Фест 2026

Во текот на неколку фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи различни авторски пристапи, естетики и сценски јазици, преку селекција на премиери и актуелни дела на домашни и регионални уметници.

Програмата вклучува и двојни/тројни вечери, каде со една влезница се проследуваат повеќе претстави, овозможувајќи подлабоко доживување на современата танцова сцена.

Скопје Танцова Платформа е наменета и за меѓународна професионална публика, со присуство на програмери, куратори и фестивали од Европа, создавајќи можности за мобилност и видливост на домашните и регионалните уметници.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

 
 

 

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    без пауза

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk