„Уна“
„Човек зема толку слобода колку што му е капацитетот на белите дробови. Никој нема да ви каже: Бидете малку послободни. Тоа мора сами да го ризикувате и да ја платите цената која сте подготвени да ја платите.“
Улоги:
Никола Ристановски – Мишел Бабиќ, професор по социологија на медиумите
Магдалена Мијатовиќ – Уна Војводиќ, студентка по социологија на медиумите
Сена Ѓоровиќ – Олга Бабиќ, сопруга на Мишел
Марко Гверо – Дукиќ, проректор
Авторски тим
Автор: Стеван Копривица
Според мотиви од истоимениот роман на Момо Капор
Режисер: Дејан Пројковски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Ивана Ристиќ
Композитор: Горан Трајкоски
Сценски говор: Љиљана Мркиќ Поповиќ
Продуцент: Драгиша Ќургуз
Инспициент: Станислав Младеновиќ
Дизајнер на светло: Немања Цалиќ
Дизајнер на тон: Стефан Анѓелиќ
Шминкер: Бранислава Илиќ
Реквизитери: Немања Јовановиќ и Миодраг Тешовиќ
Гардеробер: Јелена Дуњиќ
Дизајнер на плакат: Александра Илиќ
Автор на видеоспот: Стево Мандиќ
Снимател: Марко Михајловиќ
Фотограф: Јаков Симовиќ
Премиера: 12.10.2025 год.
Времетраење: 105 минути
Претставата не е препорачлива за лица помлади од 16 години!
ЗБОР НА РЕЖИСЕРОТ
Зошто „Уна“ е важна денес?
Текстот за претставата „Уна“ го напиша Стеван Копривица според мотиви од истоимениот роман на Момо Капор, а самата претстава е создаден како одговор на длабоката и универзална човечка потреба за приказна што зборува за сеќавањето, љубовта и минливоста.
Во својот роман, Момо Капор не раскажува само една животна приказна, туку отвора теми кои и денес се актуелни. „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно сеќавање може да го обликува целиот наш живот.
Во време кога технологијата и општествените промени го преплавуваат нашето секојдневие, кога е тешко да се зачува искрен и длабок однос, оваа интроспективна и емотивна драма нè потсетува колку е важно да ги сочуваме автентичноста и искреноста.
Зошто „Уна“ денес во театарот?
Затоа што нè повикува да застанеме и да ги слушнеме приказните кои можеби ги избегнуваме – приказните за нашиот сопствен идентитет, за љубовта која останува и покрај времето и за помирувањето со самите себе.
Во свет исполнет со бучава и површност, „Уна“ нè враќа во театарот како место на средба, каде вистината и емоцијата сè уште можат да се откријат и да се почувствуваат во нивниот полн сјај.
Верувам дека оваа претстава ќе отвори простор за заедничко разбирање и емпатија, ќе нè повика на размислување и ќе нè потсети дека внатрешните вредности се непрекината тема на уметноста и животот.
Дејан Пројковски
ЗБОР НА АВТОРОТ
Драмата „Уна“ е создадена според мотиви од истоимениот култен роман на Момо Капор, но и од новите значења и конотации што ги наметнува времето во кое живееме.
Оваа посвета на забранетата љубов ја доби и својата филмска верзија со Раде Шербеџија и Соња Савиќ, во режија на Милош Радивојевиќ.
Театарското читање мораше да се оддалечи од филмското, па и од книжевната предлошка, и да побара нови решенија за „фаталната привлечност“ помеѓу харизматичниот професор Мишел Бабиќ, веќе во зрели години, и самосвојната и возбудлива студентка Уна.
Се обидовме да создадеме силна љубовна приказна во ова време, во која се преплетуваат еротиката, емоциите, политиката, догмите, генерациските судири и резигнираниот бунт на осамениот јунак. Ова не е приказна за тоа како љубовта победува; ова е приказна за тоа како љубовта се случува, менува сè што сме познавале, а потоа згаснува, оставајќи зад себе светла трага. Ако ништо друго – сеќавање.
Драмскиот текст е посветен на Капор, на Арсен Дедиќ, на благородните времиња и чувства што ја губат битката со времето, кое „толку се расипа што веќе не вреди ни да му се фабулира“, како што би рекол Владан Десница.
И покрај тоа, ние раскажуваме љубовна приказна, уверени дека има луѓе што ќе посакаат да ја видат и да ја слушнат, и во своите животи да внесат нијанси на сетност и носталгија, макар тоа било „непристојно во овој час“, како во песната „Не дај се, Инес“ на Арсен Дедиќ.
Стеван Копривица
Награди
Никола Ристановски
„Зоранов брк“ за најдобар актер на вечерта, 34. „Денови на Зоран Радмиловиќ“, Заечар, 2025.
Награда за најдобро актерско остварување, 34. „Денови на Зоран Радмиловиќ“, Заечар, 2025.
Награда за најдобар актер на вечерта, 30. Актерски свечености „Миливоје Живановиќ“, Пожаревац, 2026.
Награда за најдобар актер, 28. фестивал „Театар фест Петар Кочиќ“, Бања Лука, 2026.
Претставата
Награда од публиката – 34. „Денови на Зоран Радмиловиќ“, Заечар, 2025. (Наградата ја дели со Центарот за култура Тиват за претставата „Контра мундум“.)
Награда за најдобра претстава – 41. Фестивал „Театар во еден чин“, Младеновац, 2025.
Награда од публиката – 41. Фестивал „Театар во еден чин“, Младеновац, 2025.
Гостува „Звездара театар“ - Белград