Актерката Весна Петрушевска - лауреат на МТФ „Денови на комедија“ 2025 година
Со особена чест и задоволство, ја информираме јавноста дека лауреат на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија 2025 година е истакнатата актерка Весна Петрушевска. Фестивалот и Советот на Фестивалот „Денови на комедија“ – Куманово, во состав: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски, едногласно одлучија да ја доделат наградата „Васил Иљоски“ на Весна Петрушевска, за нејзиниот исклучителен придонес во театарската уметност, а особено во областа на комедијата. Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на денот на отворањето на фестивалот, на 24 септември 2025 година, во Големата сала на Центарот за култура – Куманово.

