Македонскиот народен театар ги отвора вратите на солидарноста
Македонскиот народен театар ги отвора вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани. Семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите.
Телефон за контакт: 071 336 670

