Најтрофејниот актер, Никола Ристановски, лауреат на МФ „Свети Јоаким Осоговски”
Вечерва на свечената академија му беше доделено признанието на првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, лауреат на XVI меѓународен фестивал „Свети Јоаким Осоговски” во „Градот на културата, 2024“, Крива Паланка. Во рамките на фестивалската програма која започна од 27 септември и ќе трае до 5 октомври, ќе настапат повеќе македонски театри, како и театрите од регионот: Хрватска, Србија и Бугарија, со најновите и најатрактивни театарски претстави. Македонскиот народен театар на 30 септември ќе учествува со претставата „Не се клади на Енглези”.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk