Во претставата го следиме ликот Јасна, жена во петтата деценија од животот, на психотерапевтска сеанса.
Јасна нè води низ гротеската на современиот живот, каде што болката се мери со аплауз, а понижувањето со лајкови.
Се отвораат прашања:
дали јавната сцена станала колективна терапија?
дали личната болка е нова општествена моќ?
„СЕАНСА“ е авторска црна комедија која ја надминува рамката на приказна за еден поединец и поставува универзални прашања за здравствениот систем и општеството.
Оваа монодрама ќе ве насмее и ќе ве збуни. Понесете трпение и добро расположение.
Се гледаме на „СЕАНСА“ – место каде што на рецептот, наместо лек, пишува: театар.