Репертоар

ОТВОРАЊЕ НА ТАНЦ ФЕСТ 2026 ГАЛА ВЕЧЕР СО РОКСАН СТОЈАНОВ

 

МНТ - Гала отворање со Роксан Стојанов.png

ОТВОРАЊЕ НА ТАНЦ ФЕСТ 2026
ГАЛА ВЕЧЕР СО РОКСАН СТОЈАНОВ

Свечено отворање на 22-то издание на фестивалот
Поблиску од било кога.

Април 18 — Мај 5

« Божествена Есмералда, вистински скапоцен камен со совршено извајани линии за да ги носи кратките костими на улогата. Пред сè, таа отелотворува разноврсна грациозност што ги спојува женственоста и младешката свежина, самодовербата и стравот, нежноста и ладната отуѓеност - контрасти што би можела да ги истражи уште подалеку. Есмералда е сеопфатна улога, која постојано се движи од една емоција и ситуација во друга, наспроти тројца многу различни мажи. »

Цитат од печатот за „Богородичната црква во Париз“ од Роланд Пети, претставена во Париз, Франција во декември 2025 година

Resmusica HYPERLINK "https://www.resmusica.com/2025/12/14/notre-dame-de-paris-le-joyau-roxane-stojanov/" Notre-Dame de Paris : le joyau Roxane Stojanov

Програма:

Финале на наградата „Роксан Стојанов“ – пет финалисти

„Кралство на Сенките“  (3-ти чин од претставата “ Бајадерка “)

Во изведба на Балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“

Раководител: Слаѓана Спасеновска

Музика: Лео Минкус

Кореографија: М. Петипа

Пренос на кореографија и репетиција: проф. Дафина Данилоска - Кочевска

Изведувачи: Никија: Јана Кепеска - 2ва година средно; Солор: Виктор Христовски – 2 година средно; Трио сенки: Виола Имери - 2ва година средно; Ина Стојановска - 3ра година средно; Теа Серафимов - 2ва година средно

Учествуваат ученици од 1ва, 2ра, 3та и 4та година средно балетско образование 

Класа на Дафина Данилоска – Кочевска – ученици од  2ра/3та/4та година

Класа на Илинка Накова – ученици од 1ва година

Класа на Маја Митровска Богојевска – ученик од 2ра година – машки клас

„Богородичната црква во Париз“ – фрагмент

Кореограф: Роланд Пети

Музика: Морис Жар

Сценограф: Рене Алио

Костимограф: Ив Сент Лорен

Изведувачи: Роксан Стојанов – Ѕвезда на Париска опера

                           Антонио Конфорти, солист на Париска опера

За изведбата на фрагментот од „Богородичната црква во Париз“ – дуо

Роксан Стојанов, блескава и длабоко експресивна како Есмералда, открива разноврсна грациозност што ја спојува женственоста со младешка свежина. Наспроти неа, благородниот Феб, портретиран од Антонио Конфорти, отелотворува присуство кое е истовремено и пламенно и светло. Заедно, тие се обединуваат во дует исполнет со сензуалност и нежност, одржувани од интензивна сценска врска.

Прогласување на победниците на Националниот натпревар „Роксан Стојанов“


Жири на наградата „Роксан Стојанов“

Роксан Стојанов – Ѕвезда на Париската опера

Сандра Мијалкова – Примабалерина на НОБ

Антонио Конфорти – Солист на Париската опера

Н. Е. Кристоф ле Риголет – Амбасадор на Франција

Проф. д-р Рисима Рисимкин – Кореографка и ументичка директорка на натпреварот

Фестивалската програма на 22.издание на Танц Фест: https://interart.com.mk/mk/tanc-fest/programa-2026/

 

 

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    без пауза

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk