Репертоар

KAO KAKAO

 

800x1200.jpg КАО КАКАО
мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Режисер: Дејан Пројковски
Текст и драматургија: Венко Андоновски
Музика: Влатко Стефановски
Музички аранжмани и оркестрација: Бобан Мирковски
Кореограф: Олга Панго
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Вокален тренер: Ана Костадиновска
Асистент на кореограф: Ирена Лозинка
Асистент на костимограф: Марија Ѓоргиевска
Дизајнер на плакат: Марко Мандичевски

Продукцент: Баги комуникации
Ко-продуцент: НУ Македонски народен театар

Актерска екипа:
Владимир Петровиќ
Катерина Јовановиќ
Стефан Спасов
Григор Јовановски
Рубенс Муратовски
Нина Елзесер
Ања Митиќ
Биљана Драгиќевиќ Пројковска
Јордан Симонов
Антонио Ташковски
Дениз Абдула
Јована Миладинова
Тања Кочовска
Јована Спасиќ
Димитар Паскоски
Илин Јовановски
Анастасија Трајковска
Тодор Стојковски
Бранко Михајловски
Леонида Гулевска
Ѓорге Нешковиќ
Анастасија Митровска

Премиерни изведби
2 и 3 јуни 2026

„Као Какао“ е македонски мјузикл сместен во последните децении на минатиот век, кој низ мелодрамска љубовна приказна ги следи младите луѓе во нивниот обид да успеат, да создадат нешто свое и да останат верни на себе во време исполнето со очекувања, стереотипи и притисоци од средината.

Во свет обележан со амбиција, љубов, пријателства и потребата за лична слобода, ликовите се движат помеѓу сопствените соништа и ограничувањата на времето во кое живеат. Нивните животи се обликуваат низ судирите со системот, со околината и со изборите што постепено ги менуваат.

Музиката на Влатко Стефановски не е само музичка подлога, туку составен дел од светот на претставата и драмската структура низ која се развиваат приказните на ликовите, нивната љубов, амбиција, бунт и потреба за слобода. Преку актерска игра, музика и современ сценски израз, „Као Какао“ создава сценска атмосфера што го доловува духот на едно време и генерацијата што се обидува да го пронајде своето место во него.
 

 

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    без пауза

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk