Гостување на Црногорското народно позориште во Македонскиот народен театар со претставата „Господа Глембаеви“
На големата сцена на Македонскиот народен театар, на 16 декември (вторник) во 20:00 часот, публиката ќе има можност да ја проследи извонредната претстава „Господа Глембаеви“, во режија на Данило Маруновиќ, по драмскиот класик на Мирослав Крлежа, во продукција на Црногорското народно позориште.
Ова сценско дело, кое со децении го задржува вниманието на европската театарска публика, нуди длабок поглед во сложените семејни, општествени и морални односи на буржоазијата во првата половина на 20 век — со препознатливата крлежевска иронија и драматична интензивност. Во претставата настапуваат истакнати актери: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна Лучиќ, Данило Чечебиќ, Павле Прелевиќ, Емир Ќатовиќ, Стеван Вуковиќ, Кристина Мркиќ и Предраг Павиќевиќ.
Особената чест е присуството на легендарниот Светозар Цветковиќ, добитник на престижната Стериина награда за животно дело, кој ќе го толкува ликот на Игњат Глембај — една од најкомплексните и најмоќни улоги во драмската литература. Билетите за овој исклучителен театарски настан се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ, како и онлајн.
Цената на билетите изнесува 1.200 денари за партерот, а 1.000 денари за првата и втората галерија.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа вечер посветена на безвременската уметност на зборот и сцената.

