Игор Џамбазов е добитник на признанието Лауреат на 17. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Со особена гордост и восхит објавуваме дека првенецот на ансамблот на МНТ, Игор Џамбазов, е добитник на признанието Лауреат на 17. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“!

Игор Џамбазов е безвременски уметник – глас и лик кој ја збогатува македонската театарска сцена со страст, а неговиот талент остава длабока трага што се памети. На 29 септември 2025 година во 12:30 часот во големата сала на Општина Крива Паланка свечено ќе му биде доделено признанието.

Наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност му се доделува како признание за неговиот исклучителен придонес и посветеност.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk