Јордан Симонов, најдобар актер на XXIII Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“, Дебар
Јордан Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи ја доби наградата за најдобар актер на XXIII Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“, Дебар. По учеството на XXXI Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов за улогата на Павле го доби највисокото актерско остварување, лауреат, ова е втора награда што ја добива за истоимената улога. Наградата свечено ќе биде доделена вечерва на 30 септември, а на доделувањето ќе присуствува и в.д. директорот Никола Кимовски. Во сите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од регионот и од светот, а за Македонскиот народен театар ова е прво учество на овој фестивал, на кој за првпат наградата ја добива и македонски актер.

