МНТ СО ТРОЈНА ПОБЕДА НА „БЕКСТЕЈЏ“: „12“ - ПРЕТСТАВА НА ГОДИНАТА, МИКИЌ - НАЈДОБАР АКТЕР И ЏАМБАЗОВ - СО ИЗЈАВА НА ГОДИНАТА
Македонскиот народен театар доби три признанија на синоќешното одбележување на 18-от роденден на телевизискиот магазин за шоубизнис „Бекстејџ“.
Претставата „12“ е прогласена за најдобра театарска претстава – продукција за која интересот сè уште не стивнува, со врвен режисерски потпис на Синиша Евтимов и маестрална актерска екипа. Претстава, која се вбројува помеѓу најзначајните културни настани во МНТ.
Наградата за најдобар актер му припадна на Александар Микиќ, за врвна актерска игра и влијанието врз театарската сцена. Еден од најангажираните актери во тековниот репертоар на МНТ, Микиќ зад себе има повеќе од 60 театарски улоги на матичната сцена, 25 филмски и над 10 телевизиски остварувања.
Со автентичен и секогаш искрен глас, Игор Џамбазов ја доби наградата за изјава на годината, уште еднаш потсетувајќи дека зборот на уметникот има тежина и значење.
Овие признанија ја зацврстуваат позицијата на МНТ како институција, која создава современа културна историја и остава траен белег на сцената. 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk