Во Македонскиот народен театар е именуван нов в.д директор
Согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули 2024 г., а потпишано од страна на министерот за култура на РСМ, Зоран Љутков, за в.д директор на РСМ НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски. Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година.
Со почит,
РСМ НУ Македонски народен театар

