Јордан Симонов е роден на 10 септември 1966 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра кај проф. Димитрие Османли, во 1992 г. Во 2015 г. ги завршува постдипломски студии на истиот факултет, отсек: театарска режија, кај проф. Слободан Унковски. Од 1997 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.