Статус на актер

Сите

Катина Иванова

Катина Иванова родена е на 1 јуни 1951 година во Скопје, дипломирала на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. На сцената на МНТ дебитирала уште како студентка, во улогата на Јацината во драмата „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ од Иван Цанкар, во режија на Владимир Милчин (1976). Повеќе од четири децении од 1979 г. членува во ансамблот на Драмата на Македонскиот народен театар, каде остварила десетици доминантни ролји. Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапувала и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Снимила десетина филмови доживувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал.

Учествува во повеќе филмови. За своите многубројни актерски остварувања, театарски и филмски, добила повеќе награди во Македонија и во странство.

Селективна театрографија:

  • Госпоѓа Пернел (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар
  • Сесили Робсон (Квартет, 2016), автор: Роналд Харвуд, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар
  • (Разговори во четири очи, 2015), автор: Ингман Бергман, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар
  • Прасковја Фјодоровна (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар
  • Војницка, Марија Васиљевна (Вујко Вања, 2015), автор: А.П. Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар
  • Ноќта (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар
  • Уранија (Вечната куќа 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар
  • Варвара Петровна Ставрогина (Бесови, 2011) автор: Албер Ками, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар
  • (Копнеж по целина, 2011), автор: Матеја Матевски, режисер: Ристо Алексовски, продукција: Македонски народен театар
  • Сопругата (Сребрена свадба, 2010) автор: Г. Г. Маркес, режисер: Звездана Ангеловска, продукција: Македонски народен театар
  • (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар
  • Пациент (МАРА/САД, 2008), автор: Петер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар
  • Пријателката (Сликата на Софија, 2007), автор: Маја Мицковска, режисер: Александра Ковачевиќ, продукција: Македонски народен театар
  • (Ревизор, 2006), автор: Н. В. Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар
  • Бето Ленон (Сцени од животот, 2004), автор: Овен Мек Каферти, режисер: Филип Ле Моан продукција: Македонски народен театар
  • Госпоѓа Робинскон (Дипломец, 2004), автор: Чарлс Веб, режирал и адаптирал: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар
  • (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар
  • Првата старица (Жени во народно собрание, 2004), автор: Аристофан, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар
  • (Магдо, љубов моја, 2003) автор: Сашко Насев, режисер: Димитар Станкоски, продукција: Македонски народен театар
  • (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар
  • Трена (Елешник, 1997), автор: Југослав Петровски, режисер: Горан Тренчовски, продукција: НТ „Војдан Чернодрински“
  • Мег (Роденден, 1995), автор: Харолд Пинтер, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар
  • Клер (Слугинки, 1993) автор: Жан Жене, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар
  • Мајката (Шест лица го бараат авторот, 1990)
  • Невестата (Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар
  • Арсиное (Мизантроп, 1989), автор: Ж. Б. П. Молиер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар
  • Соња (Црна дупка, 1988) автор: Горан Стефановски, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар
  • Младата жена (Баал, 1987), автор: Бертолт Брехт, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар
  • Главната жена (Гуштерица, 1986), автор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар
  • Ортензија (Мирандолина, 1985), автор: Карло Голдони, режисер: Вукан Диневски, продукција : Македонски народен театар
  • Сузана (Слободни врски, 1984), автор: Мајкл Велер, режисер: Ајрин Луис продукција : Македонски народен театар
  • Амелија (Погрижи се за Амелија, 1984), автор: Жорж Фејдо режисер: Коле Ангеловски, продукција : Македонски народен театар
  • Грета Зонтаг (Mazedonische Zustände 1984), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција : Македонски народен театар
  • Дена (Кршалнига, 1983), автор: режисер: Васе Манчев, Бранко Ставрев, продукција : Македонски народен театар
  • Цајтл (Свирач на покрив, 1983), автор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција : Македонски народен театар
  • Попадиката Бела Рада (Макавејските празници, 1983), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција : Македонски народен театар
  • Катерина (Житолуб, 1981), автор: Коле Чашуле, режисер: Владимир Милчин, продукција : Македонски народен театар
  • Јасмина (Кутрите, 1981), автор:Миливое Мајсторовиќ, режисер: Владимир Милчин, продукција : Македонски народен театар
  • Канигунда (Кандид, 1980), автор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар
  • Верошка (Лов на диви пајки, 1979), автор: Александар Вампилов, режисер: Александар Дунаев продукција : Македонски народен театар
  • Јацинта (Соблазна во Шентфлоријанската долина, 1976), автор: Иван Цанкар режисер: Владимир Милчин, продукција : Македонски народен театар
  • Тереса Муриета (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1976), автор: Пабло Неруда       режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар

Селективна филмографија:

  • Магдалена (ТВ-филм, Бунило, 2009)
  • Народни приказни (2009)
  • Софка (ТВ-филм, Мост, 2006)
  • Нерѓуз (ТВ-серија, Наше маало, 1999-2004)
  • Ристана Крањц (Држава на мртвите, 2002)
  • Жената на Александар (Одмазда, 2001)
  • Јајчарката (ТВ-серија, Погрешно време, 2001)
  • Тетка Донка (ТВ-серија, Големи и мали, 2000)
  • (Џипси меџик, 1997)
  • (Ангели на отпад, 1995)
  • (Светло сиво, 1993)
  • (Хај-фај, 1987)
  • (Време, води, 1980)
  • (Оловна бригада, 1980)

Награди

  • Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ за улогата на Мег во претставата „Роденден“ (Благоевград, Бугарија)
  • Награда на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот Џипси меџик (1997).
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk