Никола Ристановски е роден на 23 јануари 1969 г., во Острава, Чешка. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 1993 г. Од 1994 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.