75 години МНТ

Загорка Поп-Антоска Андовска

Загорка Поп-Антоска Андовска е родена на 23.01.1980 г. во Скопје. Дипломира на Факултетот за драмски уметности – Скопје, на Катедра Драматургија, во класа на проф. Русомир Богдановски. Магистирира на Институтот за национална историја во 2009 г., со трудот „Драмите на Димитар Молеров во историскиот контекст“ под менторство на проф.д-р Мишел Павловски. Од 2014 г. работи како драматург во Македонскиот народен театар.

 Драмски текстови

  • „Децата“ (2016);
  • „Лична Ангелина“ (2015);
  • „Синовите на Јоарел. Владеењето на триглавата ламја Ѕер“ (2013);
  • „Душички“ (2010);
  • „Косара“ (2009);
  • „Анархисти“ (2008);
  • „Грев“ (2008);
  • „Лет во три глави“ (2007);
  • „Истрели“ (2006);
  • „Чевлички од челик“ (2005);
  • „Вкусот на Дракула“ (2005).    

 Романи

  • „Осамата на Мона М.“ (2020);
  • „Џулијано Понти“ (2012).

 Преводи

  • „Животот е прекрасен“ (2016), автор на адаптација: Александар Морфов (според „Самоубиецот“ на Николај Ердман;
  • „Тиресиината лага“ (2011), автор: Љубомир Ѓурковиќ;
  • „Касандра, клише“ (2011), автор: Љубомир Ѓурковиќ;
  • „Комшилукот наопаку“ (2007), автор: Нина Митровиќ;
  • „Вагинални Монолози“ (2001), автор: Ив Енслер.

 Театарски претстави

  • „Чиста хероина“ (2018), (според „Лична Ангелина“), автор: Загорка Поп-Антоска Андовска, режисер: Ѓорѓи Ризески, копродукција: Центар за образование, култура и уметност Данаил Станојески“, Јавна соба;
  • „Петтиот чин“ (2018), режисер: Ник Апер, драматург: Загорка Поп-Антоска Андовска, продукција: Театар „Антон Панов“ - Струмица;
  • „Кафез“ (2018), автор и режисер: Ирма Башеска - Ристовска, драматург: Загорка Поп-Антоска Андовска, продукција: Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“;
  • „Животот е прекрасен“ (2016), режисер: Александар Морфов, драматург: Загорка Поп- Антоска Андовска, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • „Чикаго“ (2015), режисер: Наташа Поплавска, драматург: Загорка Поп- Антоска Андовска, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • „Косара“ (2013), автор и режисер: Загорка Поп-Антоска Андовска, независен проект, копродукција со Македонска опера и балет;
  • „Владимир и Косара“ (2010), автор: Загорка Поп–Антоска, режисер: Слободан Милатовиќ, копродукција: Скопско лето и Барски летопис;
  • „Касандра, клишеа“ (2009), автор: Љубомир Ѓурковиќ, режисер: Слободан Милатовиќ, драматург: Загорка Поп-Антоска Андовска, копродукција: Теута-Котор, Експонто-Љубљана, Инфант Белград, МОТ Скопје, Српско Народно позориште – Нови Сад;
  • „Душички“ (2010), праизведба, автор и режисер: Загорка Поп-Антоска Андовска, независен проект, копродукција со: НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово;
  • „Лет во три глави“ (2009), праизведба, автор: Загорка Поп-Антоска Андовска, режисер: Никола Ристов, продукција: Македонски народен театар – Скопје;
  • „Комшилук наопаку“ (2007), режисер: Нени Дел Местре, драматург: Загорка Поп-Антоска Андовска, продукција: Драмски Театар – Скопје.

 Сценарија

  • Трилогија Детство (2019), сценарист и режисер: Загорка Поп-Антоска Андовска, Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“;
  • Документарен филм (2005) „Сенки на душата.Приказна за Стојан Конев и градот“, режисер: Русомир Богдановски, сценаристи: Загорка Поп-Антоска Андовска и Русомир Богдановски;
  • Документарен филм „Адам и Ева“ (2004), режисер: Ѓорче Ставрески, сценарист: Загорка Поп-Антоска Андовска, продукција АудиоЛаб;
  • ТВ Серија „Зоки Поки“ (2003), режисер: Александар Илиев, сценарист: Загорка Поп-Антоска Андовска, продукција АудиоЛаб.

 Награди и признанија

  • „Лична Ангелина“ - Награда-откуп на „Конкурсот за откуп на драмски тексторви“ распишан од Министерството за култура и реализиран во март 2016 г. со театарски фестивал „Војдан Черносдрински“;
  • Посебно признание за документарен филм „Адам и Ева“, режисер: Ѓорче Ставрески, сценарист: Загорка Поп-Антоска Андовска на ЗагребДокс 2006 г.

 Други проекти

  • Раководител на проект „Маркетингот и уметноста“, интердисциплинарен проект со театарска претстава „Кафез“,Центар за образование, култура и уметност Данаил Станојески“, 2018 г.;
  • Модератор на трибина „Кафезот во којшто живеам“, Центар за образование, култура и уметност Данаил Станојески“, 2018 г.;
  • Раководител на проект „Како до соодветна архитектонско-урбанистичка ревитализација на запоставените градски ткива“,Центар за образование, култура и уметност Данаил Станојески“, 2018 г.;
  • Раководител на проект „Моето перо – Проект за поттикнување на творештво на млади на возраст од 16 до 25 години со социјална инклузија на млади со оштетен вид, слух и говор“, Центар за образование, култура и уметност Данаил Станојески“, 2018 г.;
  • Продуцент на театарска претстава “Чиста хероина“, режисер: Ѓорѓи Ризески, 2018 г.;
  • Продуцент на театарска претстава „Кафез“, автор и режисер: Ирма Башеска - Ристовска, 2018 г.;
  • Продуцент на краткометражен игран филм „13 Мај“, сценарист и режисер: Ирма Башеска - Ристовска, 2017 г.;
  • Продуцент на документарен филм „Мојот татко“, филм на Ирма Башеска -Ристовска, 2017 г.;
  • Продуцент на документарен филм „Боројевиќ“, филм на Мите Спасовски, 2017 г.;
  • Продуцент на документарен филм „Да се биде Максут“, филм на Нихал Бејадин, 2017 г.;
  • Продуцент на краткометражен игран филм „Услов“, сценарист и режисер: Даниел Шикоски 2017 г.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228