ВИКТОР РУБЕН

Виктор Рубен е роден на 08.11.1972 година во Скопје. Дипломира 2001 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот Продукција. Вработен во РСМ НУ Македонски народен театар од 2010 година.

 

ИЗВРШЕН ПРОДУЦЕНТ

  • ХЕНГИНГ АРАУНД  (2024), автор: Љупчо Јованов, режија и адаптација: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар 
  • ИВАНОВ (2023), автор А.П. Чехов, режија Зоја Бузалковска, продукција Македонски народен театар 
  • СИТЕ СМЕ ПТИЦИ (2022), автор Важди Муавад, режија Слободан Унковски, продукција Македонски народен театар 
  • ЛАГАТА (2022), автор Флориан Зелер, режија Бесфорт Идризи, продукција Македонски народен театар 
  • ТОРОНТО ЕКСПРЕС (2021), автор Зоран Спасов Ѕоф, режија Јордан Симонов, продукција Македонски народен театар 
  • САМО ГЛАС (2021), автор Нина Плавањац, режија Маријан Нечак, продукција Македонски народен театар 
  • МОЈ ТЕРМИН (2019), според Лорен Бафи и Винсенте Вилјануева, режија Синиша Евтимов, продукција Македонски народен театар 
  • ДУХ (2018), автор Дејан Дуковски, режија Срѓан Јаниќијевиќ, продукција Македонски народен театар – Скопје во соработка со „Контрапункт“ и Општина Центар
  • КЕЦ НА ДЕСЕТ (2017), автор Митко Бојаџиски, режија Драган Спасов Дац и Јордан Симонов, продукција Македонски народен театар 
  • КОПАЊЕ (2017), автор Кристијан Винклер, режија Франц фон Штролхен, продукција Македонски народен театар 
  • СИЛЈАН ШТРКОТ ШАНЦА (2016), автор Дејан Дуковски, режија Срѓан Јаниќијевиќ, продукција Македонски народен театар 
  • ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА (2016), автор Роберт Урбањски, режија Јацек Гломб, копродукција помеѓу Македонски народен театар и театарот „Хелена Мождејевска“ од Легнице, Р. Полска
  • ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН (2016), автор Николај Ердман, режија Александар Морфов, продукција Македонски народен театар 
  • ВУЈКО ВАЊА (2015), автор А.П. Чехов, режија Зоја Бузалковски, продукција Македонски народен театар 
  • ТЕРОРИЗАМ (2015), автори Владимир и Олег Пресњакови, режија Јордан Симонов, продукција Македонски народен театар 
  • МАЈСТОР И МАРГАРИТА (2015), автор Михаил Булгаков, режија Иван Поповски, продукција Македонски народен театар 
  • ЕЛЕКТРА (2014), автори Есхил, Софокле, Еврипид, Жан Пол Сартр, режија Андри Жолдак, продукција Македонски народен театар 
  • АФЕРАТА ЕЛСИНОР (2014), автор Љубиша Георгиевски, режија Љубиша Георгиевски, продукција Македонски народен театар 
  • СИНАТА ПТИЦА (2014), автор Морис Метерлинк, режија Златко Славенски, продукција Македонски народен театар 
  • ВЕЧНАТА КУЌА (2013), автор Јордан Плевнеш, режија Дејан Пројковски, продукција Македонски народен театар 
  • ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА КАБАРЕТО (2013), автор Артур Шницлер адаптација и режија Владимир Милчин, продукција Македонски народен театар 
  • ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ (2013), автор Дејан Дуковски, режија Слободан Унковски, продукција Македонски народен театар 
  • ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР (2012), автор Михаил Булгаков, режија Александар Поповски, продукција Македонски народен театар 
  • ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА (2012), автор Август Стринберг, режија Саулиус Варнас, продукција Македонски народен театар 
  • РОМЕО И ЈУЛИЈА (2011), автор Вилијам Шекспир, режија Лилија Абаџиева, продукција Македонски народен театар 
  • КОПНЕЖ ПО ЦЕЛИНА (2011), автор: Матеја Матевски, режисер: Ристо Алексовски, продукција: Македонски народен театар;
  • ТАКА БИЛО ПИШАНО (2010), автор Сашко Насев, режија Синиша Евтимов, продукција Македонски народен театар 
  • ТРОИЛ И КРЕСИДА (2009), автор Вилијам Шекспир, режија Љубиша Ристиќ, продукција Македонски народен театар 
  • ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА (2008), автор Венко Андоновски, режија Нела Витошевиќ, продукција ПРИСТОП МК за ОБСЕ
  • ДУНДО МАРОЕ (2008), автор Марин Држиќ, режија Драгана Милошевска-Попов, продукција Македонски народен театар  и Фестивал Охридско лето
  • ГОЛЕМИТЕ ОЧЕКУВАЊА (2007), автор Ана Ристовска, режија Јован Ристовски, продукција Македонски народен театар 
  • СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ (2007), автор Бранислав Нушиќ, режија Синиша Евтимов, продукција Македонски народен театар 
  • ПРАЗНА СТРАНИЦА (2006), автор Јошико Чума, кореографија Јошико Чума, ко-продукција помеѓу Центар за современи уметности ЛОКОМОТИВА и Македонска опера и балет 

 

АСИСТЕНТ НА РЕЖИЈА

  • ЦРНИЛА РЕМИХ (2018) автор Коле Чашуле, адаптација Павле Димковски, режија Јордан Симонов, продукција Младински културен центар 
  • СЛЕПЦИ (2005), автор Морис Метерлинк, режија Томи Јанежиќ,копродукција помеѓу Македонски народен театар  и Фестивал Охридско лето
  • ЦРНИЛА 005 (2005), автор Коле Чашуле, режија Слободан Унковски, продукција Македонски народен театар 
  • СЦЕНИ ОД ЖИВОТОТ (2004), автор Овен мек Аферти, режија Филип ле Моан, продукција Македонски народен театар
  • ДИПЛОМЕЦ (2004), автор Чарлс Веб, режија Синиша Евтимов, копродукција помеѓу Македонски народен театар  и Фестивал „Скопско лето“

ПРОЕКТ КООРДИНАТОР

  • ИВАНОВ две верзии 1887/1889, автор А.П. Чехов, главен уредник Зоја Бузалковска, издание на Македонски народен театар 
  • АКТ – ТЕАТАРОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ 1993-2021 (2021), фотомонографија: автор на фотографиите Кире Галевски, главен уредник Билјан Црвенковска, издание на Македонски народен театар 
  • Дел од организацијата и координирањето на манифестациите „ЛЕТНА СЦЕНА МНТ“ (2007, 2008, 2009), доделување на наградите АМФИ МНТ (2009, 2010, 2011) и на МНТ ФЕСТ (2014, 2015, 2016)
  • ИЗЛОЖБА НА ТЕАТАРСКИ И ФИЛМСКИ ПЛАКАТИ НА ДЕЈАН ДУКОВСКИ (2015).
  • ИЗЛОЖБА НА КАРИКАТУРИ НА ТЕМА „БРАНИСЛАВ НУШИЌ“ (2009)
  • ИЗЛОЖБА НА ТЕАТАРСКИ ФОТОГРАФИИ - Автор: Кире Галевски (2008)

ФИЛМ

  • ЕЈ! (2018), режија Васил Христов – асистент на продукција и актер во ликот на Полицаецот
  • ЉУБОВНО ПИСМО ДО АЛТЕРНАТИВНАТА КУЛТУРА (2013) – документарен филм за Музичкото радио КАНАЛ 103 – продукција на ПМГ рекордс, линиски продуцент
  • МАКЛАБАС (1998), режија Александар Станковски, актер - член на банда

 

ДРУГИ АКТИВНОСТИ:

МУЗИЧКО РАДИО КАНАЛ 103 - работи како музички соработник и новинар во периодот 1992-1997 од 2004-2012 година:

  • Автор на музичките емисии: „Спејсмен 103“ и„Ова е Радиоклеш“(1994-2012);
  • Ко-автор (1992-1995) на музичките емисии „Интелектуален снобизам“ и „Модна ревија“ со Мирко Попов.
  • Водител на живи музички концертни преноси, утринска програма, ноќна програма
  • Водител на музички вести „Весник 103“ на КАНАЛ 103.
  • Дел од организирањето на музичките фестивали на Музичкото радио Канал 103: 103 ФЕСТ (1993), СЛОБОДНА 103 ЗОНА (1994), 15 ГОДИНИ НАПРЕД ! (2006), и др.
  • Во периодот 2001-2004 работи како новинар во Дневниот весник „МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС“ (скопска и културна рубрика), во рубриката за култура на неделникот „ЗУМ МАГАЗИН“ и за месечникот „ИНТЕРВЈУ“.
  • Во периодот 1993-1996 работи како музички новинар на месечникот „ТРОТОАР"
  • Дел од PMG колектив во периодот 1997-2003 година

 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk