75 години МНТ

Бојан Трифуновски

Бојан Трифуновски е роден 1979 г. во Скопје. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за театарска режија, во класата на проф. Слободан Унковски, во 2006 г. Магистерските студии за ТB продукција ги завршува на Berlin Open Film Academy, – Берлин, Германија во 2010 г. Постдипломски студии по Филмско и ТВ сценарио ги завршува во 2013 г. на Факултет за Драмски уметности – Скопје, под менторство на Сашко Насев и Владимир Блажевски. Од 2010 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

 Театарски режии

  • Среќна Нова година (2018), по мотивите на: Данил Хармс и Дејвид Ајвс, драматизација: Бојан Трифуновски, продукција: Турски театар – Скопје;
  • Авантурите на Аладин (2017), адаптација и драматизација: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар – Скопје;
  • Нешто пропуштаме (2015), автор: Горјан Милошевски, адаптација: Бојан Трифуновски, продукција: Театар комедија – Скопје;
  • Пат околу светот (2014), според романот „Пат околу светот за 80 дена“ од Жил Верн, драматизација: Бојан Трифуновски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
  • BORG 4 LOVE (2013), автор: Бојан Трифуновски, Нојланд сцена - Мала Станица;
  • Парите се… (2011), според делата на: Ристо Крле, Семјуел Стерџен, Васил Иљоски и Вилијам Питер Блати, драматизација: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар – Скопје;
  • Балзак соништа (2009), според делата на: Оноре Де Балзак, драматизација: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар – Скопје, (нереализиран проект);
  • Црна Птица (2009), автор: Дејвид Харовер, копродукција: Буден театар и Драмски театар – Скопје;
  • Празен град (2008), автор: Дејан Дуковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје;
  • Касапски кучиња (2007), автор: Квентин Тарантино, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Крал Иби (2007), автор: Алфред Жари, продукција: Македонски народен театар – Скопје.

Автор на филмски и тв сценарија

  • Фамилија Марковски ТВ – серија (2017 и 2019), автор на 3 епизоди (2017) и ко-автор на 5 епизоди (2019);
  • Преспав ТВ - серија (2018), автор на епизодите: Бугарски ќебаб и Две дами, продукција: ОХО;
  • Скопје Ремиксд (2012), автор и режисер на филмот Брус ли е… заедно со Синиша Ефтимов;
  • Т’ГА ЗА ЈУГ – ТВ-серија во 24 епизоди (2011), главен сценарист, продукција: Докса, АВА – Загреб и Канал 5;
  • Хашашини – гемиџиите 2.0 (2010), главен сценарист, (нереализирана серија);
  • Wrong way (2010), идеја и ко-сценарист со Агнеса Вајзнер, продукција: План Б, Словенија;
  • Павароти и старецот – анимиран филм (2005), сценарист, продукција: P&I, Полска;
  • Креативен директор во Елефант продукција (2004 – 2007), работел на повеќе од 20 сценарија и реклами за: Пежо, Сеат, Министерство за здравство, Министерство за образование, Град Скопје итн.;
  • Работел на сценарија за два играни филма (Петка и Празен Град) и две ТВ-серии (Како браќа и Изгонета месечина);
  • Фчерашни новости (2017 - 2020), сценарист на 80 и режисер на 60 епизоди од серијата, во продукција на Гуд Муд медија.

Автор и драматизација на драмски текстови 

  • Пат околу светот (2014), драматизација и режија, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
  • Пипи долгиот чорап (2013), драматизација, режисер: Драгана Милошевска, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
  • Туѓ пекол и други заразни болести (2012), продукција: ХНК Вараждин, Хрватска;
  • Ни таму ни ваму (2011), автор и негова прва објавена драма поставена во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и Продукција Видик – Скопје како и во Македонски народен театар – Скопје;
  • Барбара, не е се во парите – Парите се отепувачка (2011), драматизација, продукција: Македонски народен театар – Скопје;

Реализирал повеќе од дваесеттина музички спотови за бендови и реклами за познати македонски брендови, како и серија документарни филмови…

Фестивали

  • Организатор е на неколку фестивали, меѓу кои се: МОТ, Лица без маски, Саем за наука и технологија и Бела ноќ.

Награди

  • Со текстот CHASING THE MOON е награден на конкурсот New European prodigy, во Бирмингем, Обединето кралство Велика Британија (2012 – 2013).

Останато

  • Во Македонскиот народен театар работел на репертоарската програма, промоции, на пропагандниот материјал (печатени реклами, дизајн на плакати и билборди).
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228