Нела Витошевиќ

Нела Витошевиќ (1984, Скопје) дипломира театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2007 г., во класата на проф. Слободан Унковски, каде и магистрира во 2014 г. Од 2017 г. работи во Македонски народен театар – Скопје, како режисер, а од 2008 до 2009 и како лице одговорно за односи со јавност.
 

Театарски режии

  • Галеб (2022), автор: А.П. Чехов, продукција: Турски театар - Скопје;
  • Работи за кои не зборуваме (2021), според вистински приказни, во копродукција на Wonderland Theatre и МНТ;
  • Соѕвездија (2021), авор: Ник Пејн, продукција: Народен театар Куманово;
  • Илузии (2020, виртуелна претстава), според Иван Вирипаев, продукција: Wonderland Theatre, Скопје
  • Мојот маж (2020), според раскази на Румена Бужаровска, режија и драматизација: Нела Витошевиќ, продукција: Драмски театар – Скопје
  • Едвард раце ножици (2019), по сценарио на Тим Бартон и Каролајн Томпсон, продукција: Театар за деца и младици, Скопје
  • Макбет (2019), автор: Вилијам Шекспир, адаптација и режија: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар, Скопје
  • Казимир и Каролина (2018), автор: Еден Фон Хорват, продукција: Војдан Чернодрински - Прилеп
  • Странци (2018), според сценариото „Совршени Странци“, продукција: Драмски Театар - Скопје
  • Бог на масакрот (2018), автор: Јасмина Реза, продукција: Народен театар – Штип
  • Антигона и Креонт (2016), според делата на Софокле, Ануј и Гавран, адаптација и режија: Нела Витошевиќ, продукција: Театар на Навигаторот Цветко, Скопје
  • Стари времиња (2015), автор: Харолд Пинтер, продукција: Народен театар – Охрид
  • Шехерезада (2015), автор: Срѓан Јаниќиевиќ, продукција: Panta Theater, Кан, Франција
  • Жена од минатото (2015), автор: Роланд Шимелфенинг, продукција: НУЦК Трајко Прокопиев, Куманово
  • Да тргнеме, Сењор! (2014), автор: Ана Ристоска, продукција: Македонски народен театар, Скопје
  • Сон на летната ноќ (2014), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Војдан Чернодрински – Прилеп
  • Вагинални монолози (2014), инспирирано од оргиналниот текст на Ив Енслер, режија и адаптација: Нела Витошевиќ, продукција: Станица 26, Скопје
  • 5:17 (2013), автор: Ана Ристоска, продукција Wonderland Theatre, Скопје
  • Змејовата невеста (2012), автор: Димитар Г. Молеров, режија и адаптација: Нела Витошевиќ, продукција: Војдан Чернодрински, Прилеп
  • F1RM4 (2012), инспирирано од оргиналниот текст на Роланд Шимелфенинг "Push up 1-3", режија и адаптација: Нела Витошевиќ, продукција: Wonderland Theatre, Скопје
  • Брод за кукли (2011), автор: Милена Марковиќ, продукција: Wonderland Theatre, Скопје
  • Пруга за ледната пролет (2010), автор: Томислав Османли, продукција: Еврејска заедница на Македонија
  • Вејка на ветрот (2009), автор: Коле Чашуле, продукција: Македонски народен театар, Скопје
  • Играј според правилата (2009), автор: Венко Андоновски, продукција: Pristop Mk
  • Чикашки перверзии (2008), автор: Дејвид Мамет, продукција: Драмски театар, Скопје

 Работно искуство на филм и телевизија

  • Hey (2018), долгометражен филм, прв асистент на режија, режија: Васил Христов, продукција: Hey production
  • На терапија (2017), тв серија, кастинг директор, режија: Вардан Тозија, продукција: Кино око, Скопје
  • Кум (2013), ТВ серија, прва сезона, кастинг директор за македонски актери, режија: Тимур Алпатоф, продукција: Mars Media, Moscow
  • Трето полувреме (2012), долгометражен филм, кастинг директор, режија: Дарко Митревски, продукција: Кино Око, Скопје
  • Балканот не е мртов (2011), долгометражен филм, кастинг директор и втор асистент на режија, режија: Александар Поповски, продукција: Кино Око 2013, Скопје
  • Како да ме нема (2010), долгометражен филм (16 mm), кастинг директор и втор асистент на режија: режија: Хуанита Вилсон, ко-продукција: Wide Eye Films, Ирска, Octagon Films, Ирска, и Sektor Film, Македонија

Награди

  • Селекција во категорија: First time film maker, Lift off Global network, 2020
  • Награда за најдобра колективна игра за претставата „Сон на летната ноќ“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2015
  • Награда за современ театарски пристап и актерска игра за претставата „Стари времиња“ , Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Стурмица, 2015
  • Награда за најдобра режија за претставата „Змејовата невеста” на МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп, 2009
  • Награда за најдобра претстава за претставата „Змејовата невеста” на МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп, 2009
  • Награда за најдобра претстава за претставата „Брод за кукли” на фестивалот „МОТ”, 2008

Резиденции и учества

  • 2nd China CEEC Arts coorportion forum, член на македонската делегација на Министерство за кулура на РСМ, претставник за театар, 2018
  • Учество на Directors lab, Линколн центар, Њујорк, САД, 2018
  • Резиденција во Панта Театар, Кан, Франција, 2015
  • Претставник од МНТ во Франција во проектот за културна размена и соработка на Македонија и Нормандија во организација на Локомотива – центар за нови иницијативи во културата и уметноста, 2007

Фестивали и гостувања

  • 2020 Festival de Cinema Alter Do Chao, во категоријата Parallel Exibition Fest Alter, како учесник, 2020
  • Претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ учествува на Рута фестивал, Подгорица, 2020
  • Учество на Lift off Global network, Берлин – Њујорк, 2020
  • Претставата „Жена од минатото“ во режија на Нела Витошевиќ учествува на фестивалот „Дани Јурислава Кореница“, Сараево, 2019
  • Претставата „Антигона и Креонт“ во режија на Нела Витошевиќ учествува на Сараевскиот зимски фестивал, 2016
  • Претставата „Антигона и Креонт“ во режија на Нела Витошевиќ учествува на Фестивалот за античка драма „Стоби“, 2016
  • Претставата „Стари времиња“ во режија на Нела Витошевиќ учествува на фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“, Струмица, 2015
  • Со претставата во нејзина режија учествува на фестивалот „Млад отворен театар“, Скопје, 2010, 2011, 2012 и 2016
  • Со претстави во нејзина режија учествува на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2010, 2011, 2012 и 2016

Останато

  • Во 2010 година, заедно со режисерот Васил Христов го формираат независниот театар Wonderland, кој се занимава со истражување на современ и иновативен театарски јазик.
  • Од 2009 до 2010 година работи на Факултетот за драмски уметности – Скопје како демонстратор на катедрата за театарска режија, а од 2012 до 2015 и како демонстратор на катедрата по актерска игра.
  • Режисер е на голем број театарски, филмски, музички и медиумски проекти од различен вид, стекнувајќи респективни професионални искуства. Режирала во повеќе македонски театри и независни театарски трупи, докажувајќи се и како вешт, многупати и радикален читател/драматург на одделни текстови, не само драмски.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk