Срѓан Јаниќијевиќ

Срѓан Јаниќијевиќ (1970, Скопје) дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, отсек Драматургија, филмска и театарска режија. Активно работи на полето на театарот и филмот како автор и режисер. Од 2008 година работи во Македонски народен театар - Скопје.

 Театарски режии

  • Си беше еднаш во иднината (2019), автор: Сашо Кокаланов, продукција: Народен театар – Битола
  • Шепоти од вода (2019), автор: Горјан Милошевски, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица
  •  Дух (2018), автор: Дејан Дуковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Реалисти (2018), автор: Јелена Кајго, копродукција помеѓу Македонски народен театар – Скопје и СПОНА, Скопје
  • Перформанс за отварање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера„Милтон Манаки“ – Битола (2018)
  • Силјан штркот шанца (2016), автор: Дејан Дуковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Библија (Стариот Завед) (2015), мјузикл, либрето и режија: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Драмски театар – Скопје
  • Оливер Твист – оперета (2013), автор: Чарлс Дикенс, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје
  • Ќелавото момче и волшебниот печат (2013), драматизација и режија: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Турски театар – Скопје
  • Малиот принц (2012), автор: Де Сент Егзипери, продукција: Турски театар – Скопје
  • Шехерезада (2011), автор и режисер, копродукција помеѓу Македонски народен театар – Скопје и ВИС продукција, Гостивар
  • Don’t you Faust me (2010), автор и режисер, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Дракула (2008), автор: Дејан Дуковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Купидона (2005), автор и режисер, продукција: Драмски театар – Скопје
  • Луѓе од соседството (2004), автор: Хенри Адам, копродукција помеѓу Албански театар – Скопје и British council
  • Ослободување на Скопје (2002), автор: Душан Јовановиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Павилјони (2001), автор: Милена Марковиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Цензор (2000), автор: Антони Нилсон, копродукција помеѓу Бабилон театар и Младински културен центар – Скопје
  • Шопинг и факинг (1998), автор: Марк Рејвенхил, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мир (1993), автор: Аристофан, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Зрното грашак и принцезата (1993), автор: Атанас Илков, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје

 Автор на драми

  • Урбан Бајрам
  • Шехерезада (црна комедија во 1001 минута)
  • Don’t you Faust me
  • Купидона (панк опера)

 Збирки

  • Купидона и други драми, збирка на драми, издание: КИ Блесок

 Режии и актер во филмот и телевизија

  • ТМ (2020), како актер
  • Преспав (2016 - 18), како актер
  • Тие доаѓаат од центарот на светот (2017), краткометражен филм, како актер
  • Поган Паган (2012), краткометражен филм во омнибусот Скопје Ремикс, како режисер, продукција: Ново македонско видео
  • Па Па Париз (2004), документарна ТВ серија, како режисер, продукција: Вретено
  • Големата вода (2004), како актер
  • Аирлија Транзиција (Капитализам за почетници во 6 лекции) (1994- 1997) ТВ серија, како режисер, копродукција помеѓу USAID, КЦ „Мала Станица“ и Македонска телевизија
  • Прекрасен свет во омнибусот Светло сиво (1993), како режисер, копродукција помеѓу Пегаз, Македонска телевизија и Факултет за драмски уметности, Скопје 

Превод на драми

  • Разнесени, автор: С. Кејн
  • Супермаркет, автор: Б. Србљановиќ
  • Шопинг и факинг, автор: М. Рејвенхил*сите три се поместени во „ММЕ... Антологија на нова европска драма“, издавач: Магор (2004)

 Награди

  • Награда за „Ангажиран театарски пристап во третирањето на актуелни еколошки теми“ за претставата „Шепоти од вода“ на ФКТ „Ристо Шишков“, 2019
  • Награда за режија на Фестивалот „Гола месечина“ за претставата „Силјан штркот шанца“, 2017
  •  Наградата за најдобра претстава за „Купидона“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2006
  •  Награда за најдобра претстава за „Зрното грашок и принцезата“ на Меѓународниот куклен фестивал во Перуџа, Италија, 1997
  •  Специјална награда на Меѓународниот детски фестивал, Суботица, Србија за претставата„Зрното грашок и принцезата“, 1996
  •  Гран при на Меѓународниот фестивал „Бурборак 94“, Смолен, Бугарија за претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1994 

 Учество на фестивали

  • ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица со претставата „Шепоти од вода“, 2019
  • Фестивал „ Writing and Directing, Today Festival of Contemporary Writing“, Кан, Франција, со претставата „Шехерезада (црна комедија во 1001 минута), 2017
  • Фестивал „Гола месечина“, Скопје, 2015 со претставата „Силјан штркот шанца“
  • Фестивал „Диесе“, Дижон, Франција, со филмот „Скопје ремикс“, 2012
  • Фестивал на авторски филм, Белград, Србија, со филмот „Скопје ремикс“, 2012
  • МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, со „Купидона“ панк опера, 2006
  • Фестивал на актерот, Фиер, Албанија, со претставата „Луѓе од соседството“, 2005
  • Стериино позорје, Нови Сад, Србија, со претставата „Павиљони“, 2003
  • Меѓународен куклен фестивал во Перуџа, Италија, со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1997
  • Котбус филмски фестивал, Котбус, Германија, со филмот „Свет,о сиво“, 1996
  • Меѓународен детски фестивал, Суботица, Србија со претставата„Зрното грашок и принцезата“, 1996
  • Меѓународен фестивал „Бурборак 94“, Смолен, Бугарија со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1994

 Останато

  •  Во Македонскиот народен театар работел и на репертоарската програма, промоции, на пропагандниот материјал (печатени реклами, дизајн на плакати и видео материјал).
  • Освен со театар и филм, се занимава и со музика, продукција и дизајн.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk