{JEVK2EMBED}
Мајсторот и Маргарита на Михаил Афанасјевич Булгаков апсолутно е едно од најзначајните литературни остварувања на 20-тиот век! Денес секој би ја симнал капата пред ова даровито перо. Да! Но, лесно е тоа да се каже денес, да се даде соодветна оцена за делото на Булгаков, да се воздигне неговото име до небеските сводови на светската литература, но во времето кога е пишуван овој роман од 1929 до 1940 година е апсолутно незамисливо објавувањето на ова така силно ангажирано прозно четиво.
Со доаѓањето на Сатаната во Москва, олицетворен во странецот Воланд, мајстор на црната магија, паралелно се отвора и прашањето за постоењето на Бог среде атеистичка Москва. Авторот луцидно ја води приказната за вечната љубов на Мајсторот и Маргарита, кои стигнуваат дури до адот во име на љубовта, преплетувајќи ја оваа љубовна приказна со безброј алузии на тогашниот општествен и политички амбиент. Ликот на Мајсторот кој длабоко е поврзан со самиот Булгаков, неразбран и отфрлен, игнориран од општеството, фрустиран до болка од одбивањето на делото од издавачот одлучува да го запали и да се ослободи од бремето што уметникот го носи со себе. Многу слично на Мајсторот, по завршувањето на првата верзија на романот Булгаков ќе го запали сопственото, за неколку години подоцна повторно да го создаде. Ракописите не горат! Тоа е сигурно! Мислата го пронаоѓа својот пат на овој или на оној начин!
Така, Мајсторот и Маргарита во Русија за прв пат ќе биде објавен, и тоа со цензура во 1966 година, а дури по објавувањето во Франкфурт 1974 година во целина, критиката и читателите за прв пат ќе го доживеат раскошот на оваа комплексна нарација.
Извлечен од заборавот овој жанровски сложен, овој мно гуслоен роман обединувајќи ги елементите на сатира, фарса, фантастика, мистика, мелодрама, философска алегорија веднаш го сместува Булгаков рамо до рамо со великаните на руската литература. Ова е несекојдневен, но прекрасен пример на ракопис откриен во оставнината на еден веќе заборавен автор, пишуван во еден, а прочитан во друг контекст да изврши толку силно влијание во светската литература, и да фрли сосема поинаква светлина на првата половина на 20-
тиот век на планот на литературата.
Мајсторот и Маргарита обединувајќи ги најгорливите дилеми на првата половина на 20-тиот век, поставувајќи го прашањето за позицијата на уметноста во еден крут, тоталитарен систем и позицијата на уметникот наспроти силите на Светлината, или оние на Темнината станува дело кое нуди бескрајно длабоки уметнички планови, алузии, прочити. Оттука и потребата одново и одново да се препрочитува, да се поставува на театарските сцени, одново и одново да се нурка во длабочините на илузиите кои Булгаков ги претвора во реалност. Со секое ново поставување, страсно навраќање, гласно признание за уникумот на ова дело, одново се открива од принудниот заборав не само Мајсторот и Маргарита ами контекстите во кои овие силни теми имаа своја подлога.
Булгаков гласно шепотел во своето време, во Русија, но уште погласно зборува денес во светот!
Загорка Поп-Антоска-Андовска
Актерска екипа
Мајсторот – ДЕЈАН ЛИЛИЌ
Маргарита – ДРАГАНА КОСТАДИНОВСКА
Воланд/Афраниј – НИКОЛА РИСТАНОВСКИ
Понтиј Пилат – ЈОРДАН СИМОНОВ
Иван Николаевич Бездомни – САШКО КОЦЕВ
Каровјев – ОЛИВЕР МИТКОВСКИ
Мачорот Ханс Бехемот – ПЕТАР МИРЧЕВСКИ
Азазело – ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ
Хела – АНА СТОЈАНОВСКА
Михаил Александрович Берлиоз/Максимилијан Андреевич Поплавски / Гостин на балот – КИРИЛ КОРУНОВСКИ
Доктор Стравински/Гостин на балот – ЕМИЛ РУБЕН
Прасковја Фјодоровна – КАТИНА ИВАНОВА
Јешуа Ха-Ноцри – СТЕФАН ВУЈИСИЌ
Леви Матеј - АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕСКИ
Секретарот на Пилат/Григориј Данилович Римски/Гостин на балот – ЛАЗЕ МАНАСКОВ
Жорж Бенгалски/Рјухин/Гостин на балот – ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ
Бескудников/Никанор Иванович Басој/Гостин на балот – НИНО ЛЕВИ
Арчибалд Арчибалдович/Каифа /Гостин на балот – НИКОЛА АЦЕСКИ
Поштарка/Танчерка/Литерат/Гостинка на балот – СОФИА НАСЕВСКА-ТРИФУНОВСКА
Степан Богданович Лиходеев/Глухарјов/Гостин на балот – ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ
Иван Савељевич Варенуха/АркадијАполонович Семплејаров/Гостин на балот – АЛЕКСАНДАР МИКИЌ
Сопруга на Семплејаров/ Настасија Лукинишна/Гостинка на балот – СТОЈНА КОСТОВСКА
Пелагеја Антоновна/Софија Павловна (Портирката)/Гостинка на балот – СНЕЖАНА КОНЕВСКА-РУСИ
Поприхин/Андреј Фокич Соков/Гостин на балот – ТОМЕ ВИТАНОВ
Литерат – АЛЕКСАНДАР ЏУРОВСКИ
Денискина/Секретарка/Гостин на балот – ТИНА ТРПКОСКА
Фрида – НИНА ДЕАН
Двубратски/Прв болничар/Втор полицаец – КИРЕ ЃОРЕСКИ
Прв полицаец/Стражар/Литерат – ВИКТОР БУЖАРОВ
Барон Мајхел – ХАРИ МИХАЈЛОВСКИ
Марк Крисабој – НИКОЛА РИСТЕВСКИ
Загирова/Девојка од публика/Гостинка на балот – БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА
Стражар/Вториот болничар – НИКОЛА НАКОВСКИ
Литерат – ЛАЗО МИЕВ
Стражари – АЛЕКСАНДАР ИВАНОСКИ И ДАРКО НАБАКОВ
Келнери – МИЛОШ СТОЈКОВИЌ, АЛЕКСАНДАР, ИВАНОСКИ, РИСТЕ ЃОРГИЕВСКИ, ХАРИ МИХАЈЛОВСКИ
Луѓе на улица: Гости на балот кај Сатаната;
Публика во Вариете: Антонио Китановски, Марија Петреска, Милош Стојковиќ, Аница Бебиќ, Надица Петрова, Марија Димитрова, Анастазија Христовска, Никола Стефанов, Александар Иваноски, Филип Миленкоски, Филип Трајановски, Денис Давитковски, Матеја Јанковска, Хари Михајловски, Жарко Јовановиќ,
Мирјана Трпковска, Никола Ристески, Сара Климоска, Ристе Ѓорѓиески, Тамара Ристевска, Виктор Бужаров, Долорес Поповиќ, Стефан Петровски, Дарко Набаков, Никола Наковски.
Техничка екипа
Превод: ТАЊА УРОШЕВИЌ
Драматизација на текстот: ИВАН ПОПОВСКИ
Асистент на режисерот: АНГЕЛЧО ИЛИЕВСКИ
Сценограф: ВАЛЕНТИН СВЕТОЗАРЕВ
Костимограф: МАРИЈА ПУПУЧЕВСКА
Дизајнери на светло: ВЛАДИСЛАВ ФРОЛОВ, ИЛИЈА ТАРЧУГОВСКИ, ВЛАДО ЌУЛАВКОВСКИ
Дизајнер на шминка: ГОРАН ИГЊАТОВСКИ
Дизајнер на тон: НЕНАД ТРПЕНОВСКИ
Илузионист: ГАЕТАНО ТРИЏАНО
Кореограф: ИСКРА ШУКАРОВА
Кореографија на Балот: НИНА ДЕАН
Избор на музиката: ИВАН ПОПОВСКИ
Технички координатор: ТОДОР ДАЈЕВСКИ
Пиротехничар: МЕТОДИЈА НАЈДОВСКИ
Лектор: ЦВЕТАНКА НЕДАНОВСКА
Инспициент: НИКОЛА КИМОВСКИ
Специјални ефекти: ИГОР ЃЕОРГИЕВ
Помошник-осветлител: ДАРКО МЛАДЕНОВСКИ, ГОРЈАН ТЕМЕЛКОВСКИ
Тон-мајстор: АЛЕКСАНДАР ПЕТРОВСКИ
Асистент на илузионистот: ИГОР ГЕОРГИЕВ
Оператори на горен и долен погон: КОСТАДИН ВЕЛКОВ, ВАСКО БОЈАЏИСКИ
Суфлер: ЗОРИЦА БЛАГОЕВСКА
Снимателска екипа:
Режисер: ИГОР АЛЕКСОВ
Снимател на видеоматеријалот: ЃОРЃИ КЛИНЧАРОВ
Постпродукција на видеоматеријалот: КРУНИСЛАВ СТОЈКОВСКИ
Во претставата е користена музика од: Арво Парт, Алфред Шнитке, Жбигњев Прајснер, Димитриј Шестакович, Сергеј Рахмањинов, Јохан Штраус, Техо Теардо, Џон Тавенер, Фредерик Шопен, Арсеније Јовановиќ, Шарл Гуно, Антонин Дворжак, Георги Свири дов, Делиа Дербише
Стручен соработник на преводот и адаптацијата: Емил Ниами
Редакција и адаптација на преводот: уметничкиот тим на Мајсторот и Маргарита
Во претставата е користена сцена од драматизацијата на романот Мајсторот и Маргарита на Михаил Рошчин
Благодарност за придонес во создавањето на претставата: Факултет за драмски уметности — Скопје, Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Зоја Бузалковска, Илија Илоски, Игор Ќулавковски, Јасна Димитровска, Драгана Таневска, Александра Михајловска, Павле Игновски, Емилија Ристановска, Театар „Работилницата на П. Фоменко“, Константин Лебедев, Вера Камишникова, Елена Касаткина, Татјана Албрехт, Ала Сидакова, Наталија Зарицкаја, Николај Костомаров и Татјана Дешко Посебна благодарност за придонесот во целокупната реализација на проектот Мајсторот и Маргарита на ИВИЦА КАРАПЕТРОВ
Линкови и рецензии
Мајсторот и Маргарита со Булгаков и Поповски ќе се вдомат во МНТ - vecer.mk
Булгаков наш современик - telma.com.mk
„Мајсторот и Маргарита“ најавува нова фаза во МНТ - mrt.com.mk
МНТ се подготвува за спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ - skopjeinfo.mk
Се подготвува спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ во МНТ - republika.mk
Последни проби за спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ - telegraf.mk