Архива на претстави

Година:

Парите се отепувачка

„Парите се отепувачка“ е претстава, која не дава одговори, но затоа се бори да постави прецизни прашања. Зошто Европа инсистира ние да ги совладаме сопствените демони кога таа има повеќе демони по глава на жител? Дали мимикријата е природна човекова состојба и дали човекот, кој ја имитира и канализира свеста на својот идол подобро може да се снајде од оригиналниот граѓанин на Балканот? Парите се…тоа е борба помеѓу толкувањата и интерпретациите, помеѓу маргините на нормалното и шизофреното, помеѓу лажното и помалку лажното…

Во режија на Бојан Трифуновски базирана врз основа на битовата драма „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле и романот „Деветтата конфигурација“ на Вилијам Питер Блати. Претставата се занимава со еден интересен феномен во современата психијатрија, каде што лекарите – психијатри решаваат да пристапат кон третманот на тешки шизофреничари со помош на методот на заигрување или плеј терапија. Плеј терапијата е создадена во 1992 год. во Кина, кога познат актер претрпел сериозен нервен слом и останал во реалноста на неговата последна претстава. Сосема случајно го играл Хамлет. Тогаш психијатрите со помош на методот на заигрување неговото бизарно делузионално нарушување го лечеле така што сите ги играле ликовите од Хамлет. Нашата претстава зборува токму за таков случај во Македонија. Претставата е метафора на обидот за комуникација низ вековите, кои коегзистираат на нашето поднебје. Во Македонија, за сто години поминаа три века, така што битовата драма и студенилото од западноевропски тип психијатри со симбиоза создаваат атмосфера на пластична дијалошка драма со модерен мини-филмски израз. Тенденциозните зачудувања во бавната тишина на психолошкиот карактер ѝ овозможува на публиката одблизу и лично да ја студира и апсорбира дијагнозата на пациентот и лекарот во претставата.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk