Автор: Х.К.АНДЕРСЕН
Режисер: СНЕЖАНА КОНЕВСКИ-РУСИ
Македонскиот народен театар и оваа година, за Новогодишните празници подготвува нова театарска претстава за деца и младинци, под наслов СНЕЖНАТА КРАЛИЦА, според истоимената бајка на Х.К.Андерсен, а по сценарио на нашиот актер, режисер Снежана Коневски-Руси.
Приказната за двете деца, момче и девојче, Герда и Кај, две неразделни сакани суштества, ни ги открива сите препреки на кои наидува нивната љубов, како и величината на верното и храбро срце на девојчето Герда, која пребродува се, ја победува и Снежната кралица и ја зачувува својата љубов.
Верноста, храброста, дружбата и љубовта, сите позитивни квалитети на човечкиот род, се главни двигатели на драмското дејство.
И оттаму, пораката на стариот, добар дедо волшебник (алијас Дедо Мраз) за дарување, простување и љубење е најголемиот новогодишен дар за актерите и за посетителите.
Во претставата ќе земат учество актерите:
Томе Витанов - Нараторот и Дедо Мраз
Борче Начев
Снежана Коневски-Руси
и други актери, како и децата од ДДС – ДЕТСКИ СВЕТ при МНТ.
Избор на музика - Трајче Ѓоргиев

