Репертоар

Стендап шоу „Вештачка интелигенција природна глупост“

Вторник, 25 Септември 2018 | 20:00
Mnt repertoar poster Stendap.jpgПочитувани Дами и Господа 
На Ваше големо задоволство најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски 
“ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY” 
или за тие што бегале од часовите по англиски 
“ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“.
Еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост!


Пред точно седум години Битола беше градот во кој Никола го направи својот прв стендап настап. Сега по точно седум години од Битола Никола со своето ново соло шоу “ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY“ ја започна балканската турнеја - 5 држави, 23 балкански градови. Доколку до сега сте успеале да го гледате Никола и негово стендап шоу, не сте виделе ништо. “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“ е шоу на тотално друго ниво.

На 25.09 шоуто ќе ја доживее својата премиера на сцената на Македонскиот народен театар. 

Никола Тодороски е познат по својот специфичен хумор. Тој покрај во Македонија настапува и пошироко на Балканот и во Европа. Настапувал во еден од светски познатите стендап клубови The Comedy Store во Лондон. Успеа да стигне до полуфиналето на стендап натпреварот The Funniest Person in The World во Хелсинки, заедно со 20 комичари од светски ранг, организиран од стендап клубот The Laugh Factory. Годишно Никола успева да реализира над 150 шоуа во Македонија и пошироко. 

Билетите се во продажба на билетарницата во МНТ. Цената на билетот е 300 ден.
  • Локација
    Мала сцена
  • Времетраење
    75 минути
  • Изведбата е
    без пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk