Гораст Цветковски е роден на 26 мај 1982 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.