Тони Михајловски е роден на 30 јуни 1967 г., во Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 1993 г. Од 1994 до 1999 г. работи во Македонскиот народен театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 г. повторно се враќа во Македонски народен театар - Скопје.