75 години МНТ
ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР според препораките на Владата на РСМ, Министерство за Култура и Центарот за јавно здравје, Скопје
 
1. Општи правила
 
• Секој вработен и посетител во објектот на МНТ мора да се придржува кон пропишаните протоколи
• Дезинфекцијата на објектот ке се врши на следниов начин :
 Во апаратите за дезинфекција на раце ке се користи Ecosal forte - (не се раствора) Алкохолно средство  за брза дезинфекција 
 Административниот дел и службениот влез ке се дезинфицираат 2 пати во текот на денот и тоа за време на пауза во 12.30 часот и на крај на работното време со  Dezental 5% (во 5 литри пумпа полна со вода 100мл средство)
 Тоалетите во административниот дел ке се дезинфицираат 2 пати во текот на денот и тоа за време на пауза во 12.30 часот и на крај на работното време со  Dezental 5% (во 5 литри пумпа полна со вода 100мл средство)
 Тоалетите за публика ке се дезинфицираат пред почетокот на претставата 2 часа и на крај со Dezental 5% (во 5 литри пумпа полна со вода да 100мл средство) и ке биде видно истакнат список со потпис кој го извршил дезинфицирањето
 Влезната партија (делот кај билетара), салата за публика (гледалиштето) и фоајето на театарот ке се дезинфицираат пред почетокот и на крај на претставата со  Dezental 5% (во 5 литри пумпа полна со вода 100мл средство)
После извршена дезинфекција  30-60 минути да не влегува никој во салата.
 Гримиорните на актерите, шминкерна, реквизита и сцената ке се дезинфицираат пред и по секоја проба и претстава со  Dezental 5% (во 5 литри пумпа полна со вода 100мл средство). После извршена дезинфекција пред и после проба и пред и после претстава 30-60 минути да не влегува никој.
 Реквизитата ке се дезинфицира пред секоја проба и претстава и на крајот со Ecosal forte - (не се раствора) Алкохолно средство за брза дезинфекција 
 Костимите на актерите ке ги дезинфицираат гардероберите пред проба,пред претстава и после проба и после претстава со Dezental 0,2% ( не се раствора)
 Дезинфекцијата на објектот ке ја врши тим од Македонски народен театар по пропишаните протоколи и одобрени од страна на Центарот за јавно здравје,Скопје 
 
• Според општите правила за реализација на настани треба да се искористат само 30% од капацитетот на салата
• Да се оддржува претстава без пауза 
• Се забранува задржување при влез и излез во фоајето
• Зголемување на времетраењето на влез и излез на публиката
• Се забранува оддржување на коктели во фоајето на театарот
• Претставите треба да траат час до час и половина
• Претставите да бидат со мал број на актери и да се оддржува дистанца на сцена
• Вентилацијата во објектот е со централен систем за вентилација и поставени се нови филтри,кои ке се менуваат на секои 6 месеци
• Протоколот за реализација ќе го објавиме јавно на сајтот на МНТ и на огласната табла во театарот со цел навремено информирање на посетителите и учесниците во настанот за правилно следење на протоколите
 
2. Протокол за службен влез 
• Задолжително носење маска на влез и во објектот
• Поставување на дезинфекциона бариера за обувки
• Мерење температура на секој што ке влезе вклучувајки и вработен и надворешни соработници
• Доколку се покаже температура над 37 с не се пушта да влезат
• Анкетирање и потпис на секој вработен 
• На самиот влез е поставено дезинфекционо средство 
• Има јасно и видно истакнато известување  за придржување на мерките од Комисијата за заразни болести 
 
 
3. Протокол за билетара
• Задолжително носење маска на влез и во објектот
• Поставување на дезинфекциона бариера за обувки
• Поставени и означени места за влез пред билетарата
• На самиот влез е поставено дезинфекционо средство 
• Билетопродавачот работи со заштита (маска и ракавици )
• Билетите се продаваат онлине и со картичка 
• Персонализирање на продадените билети, односно регистрација при купување на билетите ( име и презиме, контакт телефонски број )
• Во просторот пред билетарата на МНТ дозволено е присуство само по еден купувач на билети, за да може да се одржува дистанца од 2 метра
 
4. Протокол за распоредители 
• Распоредителите работат со заштита (маска, ракавици и визири)
• Предните ложи се заклучени
• Малата сцена е заклучена затоа што претставите се одржуваат исклучиво на големата сцена на МНТ
• Еден одговорен распоредител зема клучеви од службен влез за вратите во партерот за влез на публика
• Се заклучуваат сите врати на партер освен средната за контрола при влез на публиката 
• Кога почнува претставата сите врати од салата повторно се отклучуваат поради безбедност
• Пред крајот на претставата се заклучува главен влез и се отклучуваат сите 6 врати десно и лево ( витраж према улица и реката Вардар)  за побрз излез на публиката
• Распоредител стои кај 3 врата од салата за да им кажува на посетителите од каде е излезот
• Кај тоалетите има по еден распоредител на почеток и на крај на претставата за да нема задржување и се пуштаат максимум по 2 посетитела
 
 
5. Протокол за публика 
• Задолжително носење маска на влез и во објектот
• Поставување на дезинфекциона бариера за обувки
• Поставени и означени места за влез пред билетарата
• На самиот влез е поставено дезинфекционо средство 
• Има јасно и видно истакнато известување  за придржување на мерките 
• Мерење температура на секој посетител
• Доколку се покаже температура над 37 с не се пушта да влезе
• Влезот е еден по еден во фоајето со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра
• На влезните врати за публика во сала има по 1 распоредител и се пушта по 1 посетител (се отвара само една врата за влез во салата ) 
• Гардеробата е затворена (секој посетител ке мора да си ја земе со себе и да ја стави на местото слободно до него )
• Излезот од сала е на принцип 1 по 1 со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра
 
6. Протокол за помошно-технички персонал
Работата на помошно-техничкиот персонал ќе се одвива организарана во смени и со формирање на независни екипи со што во целост ќе се обезбеди непречена работа на театарот преку комплетно независни работни процеси.
 
Проби и претстави
 
Tермини за проби во работни денови ќе се овозможат во попладневните часови, најмногу во времетраење од 3 часа.
За време на викендите, пробите ќе можат да се изведуваат и во претпладневните и во попладневните часови, истото така во времетраење од најмногу 3 часа по претходно закажан термин.
 
Пробите/претставите ќе се организираат според следните правила:
• Општо-техничките служби ќе ги подготват и извршат сите потребни активности за почеток на пробата или претставата. Истите ќе ги завршат и ќе го напуштат театарот пред ангажираната екипа да влезе во просториите на театарот.
• Членови од екипата задолжена за пробите и изведување на една претстава нема да можат да учествуваат во екипа за други проби и претстави кои би се изведувале во истиот период.
• Екипата ќе се смета за расформирана по истеток на 10 дена од последниот заеднички работен термин.
• Не се дозволени т.н. индивидуални замени помеѓу одредени членови на различни екипи.
• За  времетраење на пробата/претставата нема да им биде дозволен влез на вработени кои не се членови на ангажираната екипа.
• Во контролните кабини за тон, светло и видео не е дозволено присуство на повеќе од едно лице.
• За времетраење на попладневните и пробите/претставите за време на викендите, влезот во театарот ќе се организира со дополнителна смена за мерење на температурата и евиденција на влезот на вработените.
• Секој сектор е задолжен за рачна дезинфекција на својата техничко-технолошка опрема, реквизитите, сценографијата, костимите и друго.
• Гардеробата ќе се доставува до гримиорните пред актерите да влезат во објектот. Се препорачува актерите сами да ја облекуваат и да побараат асистенција само при подготовка на покомплицирани костими. Се препорачува (во соработка со режисерот) да се избегнуваат т.н. брзи промени за кои е потребна таква асистенција за време на претставата.
• Индивидуализираните комплети за шминкање ќе бидат доставени до гримиорните пред актерите да влезат во објектот. Се препорачува актерите сами да ја нанесуваат шминката и да побараат непосредна асистенција само во исклучителна ситуација.
• Техничкиот персонал кој има непосреден контакт со актерите покрај задолжителните маски за уста, ќе носи и визири.
• Во соработка со режисерите, на принцип лева – десна, да се обезбеди една страна за влез и излез на актерите и друга страна за влез и излез на техничкиот персонал и опремата. Истите, за секоја проба и претстава посебно и јасно да се обележат од шефот на сцената. 
• Непосредно пред почетокот како и за времетраење на претставата, актерите и суфлерот ќе бидат ослободени од обврската за носење маска.
• Сите промени во личната здравствената состојба или онаа на останатите членови од екипата за време на пробите и претставите, веднаш да се пријават на дежурниот шеф на сцена.
 
 
Одговорни лица :
 
1. Одговорно лице за распоредители, билетара и публика – Сандра Стојмирова 
2. Одговорно лице за актери инспициенти што ги водат претставите : Вукица Александрова,Никола Кимовски и Александар Рајковски
3. Одговорни лица за помошно технички персонал:
Ивица Урдаревиќ и Југослав Ацески 
 
 
Поради горе наведените протоколи и придржување кон сите мерки и поради сериозната ситуација со Ковид 19 во РСМ, во Македонски народен театар не се прифакаат приватните настани. 
              
 
 
           Директор 
Симона Угриновска
 
 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?