Предупредување
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 983

Актери

Статус на актер

Сите

%AM, %29 %008 %2017 %00:%Дек

Чикаго

„Чикаго е еден од најпознатите и најизведуваните мјузикли во светот. Дејствoто на мјузиклот е сместено во времето на „лудите дваесетти“ во Чикаго најозлогласениот град во САД во тие години поради огромниот број на криминалци, крадци, убијци... Овој мјузикл е напишан како сатира за корумпираноста на тогашното американско судство, но и системот во целина“. „Чикаго за прв пат е изведен на Бродвеј во Њујорк во 1975 година. Оригиналната поставка, кореографирана од Боб Фоси е изведена 936 пати. Обновена е во 1997 година, исто така во продукција на Бродвеј, со што станува апсолунтно најпопуларниот и најизведуваниот мјузикл. По Њујорк, мјузиклот е поставен  во Лондон, а потоа уште во многу градови низ целиот свет“. „Мјузиклот Чикаго е напишан според драмата на Морин Далас Ваткинс од 1926 година, којашто е инспирирана од вистински случаи на убиства за кои во својство на новинар известувала авторката. Оригиналната музика е на Џон Кендер, а автор на стиховите е Фред Еб“.

Автор: Фред Еб и Боб Фоси
Режисер: Наташа Поплавска
Композитор: Џон Кандер 
Текст на песни: Фред Еб
Кореограф: Олга Панго
Диригент: Бисера Чадловска
Дизајн на сцена и видео: Емил Петров 
Костимограф: Александар Ношпал
Драматург: Загорка Поп-Антоска-Андовска
Асистент кореограф: Ирена Лозинска
Корепетитор за пеење: Марија Димитријевиќ
Клавирски корепетитори: Зоран Станишиќ и Андреј Наунов

Преведувач на текст: Наташа Илиевска
Препев на песни: Маја Павловска
Извршен продуцент: Симона Угриновска
 
Инспициент: Вукица Александрова
Суфлер: Тања Ивановска
 
Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев и Милчо Александров
Светло-мајстори: Дарко Младеновски, Владо Ќулавковски 
Видео-мајстор: Давор Черепналкоски
Дизајнер на тон: Бојан Угриновски
Тон-мајстор: Ташко Грујовски, Александар Арсиќ и Ненад Трпеновски
Манипуланти на горен и долен погон: Васко Бојаџиски и Трајче Тасевски
Дизајнер на шминка: Горан Игњатовски
Фотограф: Роберт Јанкуловски
Вајар: Ангел Петровски
 
 
 
Забелешка:
 
Базирано по драмата Чикаго од Маурин Далас Ваткинс.
 
Мјузиклот „ЧИКАГО“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен театар, Македонска опера и балет и Факултетот за музички уметности, Скопје, Р.Македонија.
 
 
 

%AM, %29 %008 %2017 %00:%Дек

Соларис

Крис Келвин, психолог, е испратен на една истражувачка станица што лебди над чувствителната и мистериозна планета Соларис, која е покриена со огромен океан и на која најверојатно има живот. Со децении научниците ја проучуваат и се обидуваат да воспостават комуниција со неа, но залудно: океанот не одговара. Чудно е, исто така, што и екипата на станицата, престанува да комуницира со Земјата.
„Ѓаволот е насекаде, и не можеш да се одбраниш од него со тоа што ќе се скриеш во нешто чисто: и таму ќе те најде. Треба да живееш со Ѓаволот и постојано да се бориш со него. Кога умира човекот, постои одредено, вечно духовно мислење за неговиот живот, кој не исчезнува со неговата смрт. Доброто што го направил продолжува да живее со животите на другите, а и лошото што го направил останува да се развива иако животот може да го сврти и на добро. Човечката духовна судбина постои и понатаму, не е конечно решена, но продолжува со одредена надеж, не гаранција, туку надеж за спас.“ Алфред Шнитке во разговор со

Александар Иваншкин

Еден човек се бори со своето минато, со своите гревови и со своите фантазии. Во еден момент од животот добива шанса таканаречена Соларис при што го доживува најстрашниот кошмар и има можност да се изгуби повторно. Тој преминува во алтернативно постоење, паралелна реалност, со што станува голем грешник. Стои на работ на една карпа, но во последен момент решава да не си пресуди самиот. Помошта доаѓа од едно невино девојче, а се состои од различни значења во неговата психа: Реја, девојче, неговата свест, Соларис и нешто што не може да се именува. Верзијата на претставата Соларис на Андриј Жолдак е визуелен театар, медитација на темата за човечката осуда и спасение. Таа е одење по јаже, на кое на едниот крај е реалноста, а на другиот фантазијата. Јажето – клопчето на Аријадна во лавиринтот – е составено од сеќавања за љубовта и загубата. Оваа претстава е оригинална и базирана на еден концепт кој во голема мера се разликува од оној на Лем или на Тарковски. 

Јоана Малау
 

 

%PM, %11 %630 %2014 %16:%Мај

За фестивалот

МНТ●ФЕСТ

Ни претставува особена чест и задоволство да бидете дел од првото издание на меѓународниот театарски фестивал во организација на Македонскиот Народен Театар. Македонски Народен Театар ја одбележува својата 70-та театарска сезона. Мината година на 7 декември 2013 се вселивме во својата нова зграда која по своите карактеристики на сцената е со најсовремена технологија и најсоврмени аудиовизуелни средства. Така што после многу децениско чекање се оствари големиот сон на публиката и многу генерации театарски дејци да создаваме и да ги играме своите претстави во нова современа театарска зграда. Идејата за фестивалот...

„Јас го разбирам светот,како поле за културен натпревар меѓу народите.” - Гоце Делчев

Да се биде национален театар на една земја е голема чест и привилегија. Но, и голема одговорност бидејќи националниот театар претставува темел на културата на една земја и чувар на културните и традиционалните вредности. Националниот театар претставува МОСТ преку кој се отвораат вредностите на сите останати театарски семејства во светот.Водени од фактот дека сите национални театри делиме исти предизвици одлучивме да го создадеме овој фестивал кој што ќе биде место каде што ќе се презентираат вистинските театрски вредности.

Нашата идеја е фестивалот да овозможи презентирање на различните сценски естетики и подобро меѓусебно запознавање и се разбира отварање на поголеми можности за посериозна взаемна соработка во иднина и размена на искуства. Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани работилници и предавања. Фестивалот ќе се одржи од 25 мај до 05 јуни 2014 година.

 

published in 2017
%PM, %11 %631 %2014 %16:%Мај

Работилници

МОЈОТ ТЕАТАР


ПРЕЗЕНТАЦИИ 27 мај |12 часот Разговор со режисерката Лилија Абаџиева 2 јуни |12 часот „Националниот театар во Европа“ со драматургот од Националниот театар, Будимпешта, Ерно Веребеш 5 јуни |12 часот „Музиката во театарската претстава“ со Горан Трајкоски 6 јуни |12 часот Разговор со режисерите Ана Вукотиќ и Слободан Милатовиќ 18 јуни |12 часот „Создавање на театарски светови“ со сценографот Валентин Светозарев


МЕМОАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР 8 јуни |12 часот Разговор со Бранко Ставрев


ИЗЛОЖБИ 27 мај | 19.30 часот - Изложба - С. И. Виткиевич - Виткаци (1885-1939) во соработка со Амбасадата на Р. Полска 17 јуни | 19.30 часот Изложба на театарски плакати – Сергеј Светозарев


ФЕСТИВАЛСКИ КЛУБ Секоја вечер ќе биде отворен фестивалскиот клуб каде што ќе може да се дружат и забавуваат публиката и учесниците

published in Содржина
%PM, %13 %535 %2014 %13:%Мај

Објект

МНТ нов објект

Новиот театарски храм, вториот дом на актерите се наоѓа на левиот брег на реката Вардар. Изграден е врз темелите на стариот театар поставени во 1927 година. Покрај основната функција што ја има театарот (драмата), тој воедно сам по себе претставува и музеј со оглед на орнаментиката претставена на ложите. Во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство кое воедно ќе биде презентирано и преку виртуелниот музеј.

МНТ стар објектИмпресивен момент во театарот е централната скулптурна композиција на петте основоположници на македонскиот театар: Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски и Војдан Чернодрински, која е поставена во централното фоаје на театарот, како и театарскиот перформанс на 9 жениски фигури, претставени во етнo-народни компоненти, а околу нив се претставени свирачи.  Целата композиција е фланкирана со музата на комедијата Талија и музата на трагедијата Мелпомена.

Што се однесува до орнаментиката, големата сала е орнаментирана со фрагменти кои се превземени од археолошки наоди во Македонија, фрагмент од иконостасот во Бигорскиот манастир и црквата Свети Спас во Скопје. На плафонот се претставени најрепрезентативни археолошки артефакти од 6 век п.н.е па се до 6 век од н.е. Во другите делови претставени се музите како заштитнички на уметноста и науката. Тука се претставени значајни мозаици, керамички садови, иконостаси, мермерни плочи итн. Сите тие датираат од 6 век п.н.е па се до 19 век. Најмногу детали се превземени од ранохристијанските капители во Хераклеа и Стоби, мермерните плочи од црквата Света Софија во Охрид, како и единствените и уникатни иконостаси во Македонија изработени од тајфата на Петре Филиповски - Гарката.МНТ стар објект

Театарот е позициониран на вкупна површина од 7.200 метри квадратни, а аудиториумот е поделен на голема сала со вкупно 724 седишта и мала сала наменета за моно драми и камерни претстави со 213 седишта. Македонскиот народен театар ја поседува најмодерната и најсофистицирана техничка опрема во рамките на сценската технологија, движечки платформи, чиги, а целокупната сценска површина е изработена од модуларен тип со двојно дно итн. Акустиката е на завидно ниво. Однадвор театарот го има задржано својот автентичен изглед.

published in За МНТ
%PM, %13 %571 %2014 %14:%Мај

Управа

122480375 2689139174733055 6979842682007711384 nНа 3 септември 2018 г., од страна на министерот за култура на Р.М Асаф Адеми, за директор на Република Северна Македонија, НУ Македонски Народен Театар беше именувана Симона Угриновска.
Имено, Угриновска назначена е за директор од позиција на в.д директор и по нејзиното искуство како продуцент во матичната куќа МНТ, каде работи од 2010 г. Угриновска седум месеци раководеше како в.д директор, а во тој временски период реализираше повеќе настани, проекти, премиери, гостувања, патувања и изложби, од кои се издвојуваат:
Непосредно по назначувањето како в.д директор беа изведени премиерните изведби на „Госпоѓоците од Авињон“, кон средината на месец февруари 2018 г. на малата сцена, и „Дух“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, во месец април на големата сцена. Прва премиера во сезоната 2018/2019 е претставата „Еден месец на село“ во режија на Паоло Маџели која се очекува на крајот на месец септември.
Исто така ја договара посетата на култниот српски режисер Горан Марковиќ во МНТ, по повод изведбата на претставата „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевска, а по текст на Горан Марковиќ.
Непосредно потоа МНТ станува членка во асоцијацијата на балканските национални театри АБНТ заедно со Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија, и четири други национални театри од различни држави од Балканот.
Во преполно гледалиште на големата сцена со претставата „Силјан штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ се одбележи 27 март, Светскиот ден на театарот, каде актерите ја прочитаа компилацијата од светските пораки, и пораката од актерот Сашко Коцев. Истата вечер на малата сцена во МНТ студентите од ФДУ, одделот за драмски уметности ја иведоа својата дипломска работа „Голем студ“ под менторство на проф. Зоја Бузалковска.
Во месец април се одбележи 73 годишнината на МНТ со изложбите „Моќта на актерот“ и „Моќта на театарот“.
Следеа гостувањата во МНТ: скопската премиера на „Планинските џинови“, на Луиџи Пирандело, а во режија на Паоло Маџели (претствата е дел од регионалниот проект „(Ре)Откривање на Европа„ кофинансиран од ЕУ, Креативна Европа и е копродукција на: Италијанската драма при Хрватскиот народен театар „Иван Зајц“, Риека, Хрватска; Словенечки Стален театар, Трст, Италија; Унгарскиот театар КДЗС Суботица, Србија, Германскиот театар Темишвар, Романија и НУ Албански театар, Скопје); Народно позориште Белград и Битеф театар со претставата „Царство небеско“ - Епика Балканика, која се играше на две локации. на големата сцена во Македонски народен театар и во Младински културен центар - кино „Фросина“; Југословенско народно позориште, Р. Србија со претставата „Ајнштајновите соништа“; а во рамките на Скопско лето (во соработка со МНТ) гостуваше театарот Гавела од Загреб со претстава „Крал Рикард III“, во режија на Александар Поповски.
Се реализираа и гостувања на претставата „Ничија земја“ надвор од сцената на матичната куќа: на XVII фестивал на босанскохерцеговската драма и авторскиот театар Зеница 2018 г., кој се оддржа од 6 до 14 мај под мотото „Ex Ponto: Каде е моето место?“; Меѓународниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа“, Благоевград, Р. Бугарија; отворањето на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, а во рамките на фестивалот беше поставена и изложбата „Моќта на театарот“ - изложба посветена на театарската уметност.

Симона Угриновска дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за драмски уметности - отсек продукција, во класата на проф. Мартин Панчевски, во 1993 г. Како продуцент работела во Македонската радио телевизија и во Министерството за одбрана како помошник министер за издавачка дејност и аудуо и видео продукција. Од 2010 г. е продуцент во НУ Македонски народен театар, и има работено на повеќе од 15 театарски претстави: „Бесови“ (2011), во режија на Златко Славенски; „Свадбата на Фигаро“ (2011), во режија на Леван Цуладзе; „Парите се отепувачка“ (2011), во режија на Бојан Трифуновски; „Животот е сон“ (2012), во режија на Владо Цветановски; „Подемот и падот на кабарето“ (2013), во режија на Владимир Милчин; „Вечната куќа“ (2013), во режија на Дејан Пројковски; „Аферата Елсињор“ (2014) во режија на Љубиша Георгиевски; „Сината птица“ (2014), во режија на Златко Славенски; „Да тргнеме Сењор“ (2014), во режија на Нела Витошевиќ; „Вујко Вања“ (2015), во режија на Зоја Бузалковска; „Мајсторот и Маргарита“ (2015), во режија на Иван Поповски; „Чикаго“ (2015), во режија на Наташа Поплавска; „Брачна игра“ (2016), во режија на Тони Михајловски; „Прекината одисеја“ (2016), во режија на Јацег Гломб (копродукциски проект помеѓу НУ МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ од Полска); „Соларис“ (2016), во режија на Андриј Жолдак; „Квартет“ (2016), во режија на Зоја Бузалковска; „Тартиф“ (2016), во режија на Галин Стоев; „Говорна мана“ (2017), во режија на Драгана Милошевска, „Авантурите на Аладин“ (2017), во режија на Бојан Трифуновски; „Mamma Mia!“ (2017), во режија на Наташа Поплавска и „Госпоѓиците од Авињон“ (2018), во режија на Ненад Витанов.

 

УМЕТНИЧКИ СОВЕТ НА НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

НИКОЛА РИСТАНОВСКИ - АКТЕР

НИКОЛИНА КУЈАЧА - АКТЕРКА

ЗВЕЗДАНА АНГЕЛОВСКА - АКТЕРКА

ДЕЈАН ДУКОВСКИ - ДРАМАТУРГ

САШКО КОЦЕВ - АКТЕР

 

КОНТАКТ
+389.2.3230.304, +389.2.3216.366 и +389.2.3216.725

Контакт лице овластено за заштитено внатрешно пријавување: Васил Ризов
маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Службено лице за посредување со информации од јавен карактер: Мила Анѓелковиќ
маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
published in За МНТ
%PM, %13 %571 %2014 %14:%Мај

Цели

ЦЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР

Македонскиот народен театар денеска работи со веќе постоечкиот уметнички ансамбл и ја продолжува својата традиција со создавање и изведување класични и авангардни драмски текстови и со промоција на македонската драматургија и драматика. На тој начин МНТ веќе го има изградено својот препознатлив стил и начин на изразување. Целта на МНТ е ширење на театарската уметност во јавноста, пред се насочена кон (не) публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење. Основната цел на МНТ а воедно и е еден од приоритетите, е да и се приближи на младината активно да размислува на темата култура и театар.

Зголемување на чувството на автономност во реализирање на проектите и работата во целост, резултатите од работењето да станат видливи како во МНТ така и пред јавноста, воедно нашата цел е да порасне угледот и да се подобри надворешниот и внатрешниот имиџ и реноме. Квалитетни и исклучително професионални со севкупниот ансамбл и вработените при создавањето и креирањето на секој нов процес – проект, како и ширење на меѓународна и културна соработка.

Желбата на сите кои се вклучени директно или индиректно во театарот е да се промени светот, колку таа амбиција звучи неизводливо, сигурни сме дека театарот кој се бави со социо – општествената проблематика, тоа сепак е можно, макар и со сосем мали чекори да се стигне до целта.

Исправени пред театарските предизвици

Како најстара и најголема театарска институција во Република Македонија, МНТ отсекогаш се соочувал со многу предизвици и задачи:

- да ги негува класичните театарски вредности, но и да биде во тек со најновите и најмодерните театарски трендови; - да ги задоволи вкусовите и очекувањата на наједуцираната и најпребирливата театарска публика; - да вклучи на својот репертоар што поголем број театарски жанрови; - да ја афирмира и промовира националната драма на тој начин што ќе биде место каде ќе се поставуваат дела на најквалитетните домашни драмски автори; - да биде Театар околу кој ќе гравитираат најталентираните македонски актери, режисери, сценографи, костимографи; - театарски да ја едуцира публиката; - да придонесе кон развојот на нејзиниот вкус; - да проговори за најактуелните теми на денешницата; - да го овековечи минатото, да ја антиципира иднината, да засмејува, забавува, подзамисли, а понекогаш и расплаче...

ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ВО 2015 ГОДИНА

Македонскиот народен театар најавува значајна година!
1. „ДОН КИХОТ“ од Мигуел де Сервантес во режија на Александар Морфов 2. „ЗИМСКА БАЈКА“ од Вилијам Шекспир во режија на Томаж Пандур 3. „ЧИКАГО“ во режија на Наташа Полавска 4. „МОЈОТ СИН САМО МАЛКУ ПОБАВНО ОДИ“ од Ивор Мартиниќ во режија на Драгана Милошевска-Попова

 

published in Содржина
%PM, %13 %682 %2014 %17:%Мај

Медиуми

[vc_row][vc_column el_class=".pozadina"][vc_column_text]

„ВЕЧНАТА КУЌА“ ВО АПРИЛ НА ВРВЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ЕВРОПА 

 МНТ во друштво на театарската елита во Будимпешта

Еден ден пред изведбата на нашиот театар кој е единствен од регионот, ќе гостува славниот „Бург-театар“ од Виена, во програмата се претстава на Еуџенио Барба, на италијанскиот актер и режисер Тони Сервилјо

Сребра Ѓорѓијевска

Македонскиот народен театар на 20 април ќе ја игра претставата „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски на голем меѓународен фестивал што го организира националниот театар од Будимпешта. Околу 120 актери и технички кадар еден ден пред тоа ќе патуваат во унгарската престолнина. Ова ќе биде прво меѓународно претставување на најмасовната наша претстава досега, чија премиера се случи на 7 декември 2013 година, по повод отворањето на новиот театар.

МНТ ќе биде во друштво со големи европски театри, што ни се случува по долги години - „Бург-театар“, „Один театар“, „Талија“ од Хамбург, претстави на италијанските режисери Тони Сервилјо и Еуџенио Барба и многу други.

„Бург-театар“ еден ден пред МНТ

Нашиот театар ќе биде единствениот учесник од регионот, а поканата дојде откако драматургот на Националниот театар од Будимпешта ја бендисал претставата.

- За МНТ е најважно што ќе бидеме во репрезентативна програма со елитни театри. Ден пред нас настапува виенскиот „Бургтеатар“, игра претстава на Еуженио Барба, важна е конференцијата посветена на Мејерхолд. Кога го организиравме отворањето на новиот театар, поканивме директори на театри и на фестивали од повеќе земји. Дел од нив ги знаевме, дел им пративме официјално. За радост, драматургот на Националниот театар од Будимпешта, Ермес Веребеш одговори позитивно, дојде, ја гледаше претставата и веднаш ни изреагира дека му се допаѓа и дека е епска. Поканата за фестивалот дојде по неколку месеци. Пред некоја недела дел од менаџерите бевме гости на театарот и одушевен сум од пристапот и од сериозноста на театарот – вели Пројковски, кој е и уметнички директор на МНТ.

Со оглед на тоа дека „Вечната куќа“ е технички комплексна претстава, сценски работник на МНТ ќе биде во театарот шест дена претходно за да може да се прилагоди претставата на нивните услови. На интернет-страницата на Националниот театар од Будимпешта веќе е најавено гостувањето на МНТ. Министерството за култура ќе го помогне патувањето, но тоа нема да чини многу поскапо од гостување на помалобројна претстава. Организаторот ќе ги покрие поголемиот дел од трошоците, а важно за МНТ е и тоа што театарот ќе добие хонорар за гостувањето, што не се случува често, вели Пројковски. Претставата досега кај нас ја виделе околу 15 илјади гледачи, беше целосен победник на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Во март претставата ќе биде четири пати на репертоар. МНТ е во преговори за уште едно гостување на претставата во странство. Нациоаналниот театар од Будимпешта е еден од најстарите во Европа, основан во 1837 година. Фестивалот трае две недели Една од претставите на програмата е „Внатрешни гласови“ („Inner voices“) на италијанскиот актер Тони Сервилјо, еден од најпопуларните италијански актери на денешницата, кој ја толкува главната улога во филмовите на Паоло Сорентино, „Животот е убав“, „Гомора“ и други). „Бургтеатар“ ќе гостува со „Галеб“ од Чехов.

Фестивалот нема натпреварувачки карактер. Интересно е што трае цели две недели. Идејата е да се создадат долговечна и креативна врска помеѓу театрите од регионот кои се трудат да бидат иновативни. Наместо со современа драматургија, програмата се фокусира примарно на продукциите што се создадени со промена на трендови, главно базирани на класични претстави, но визуелно модерни , вели директорот на театарот, Атила Виднијански.

  [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column el_class=".pozadina"][vc_column_text]

НАЦИОНАЛНИОТ ТЕАТАР НАЈАВУВА ЗНАЧАЈНА ГОДИНА

Морфов, Пандур, Поповски – лига на шампиони во МНТ

Дојде време да не се радуваме на претстави само на МОТ, на Охридско лето, ами ги имаме режисерите кај нас и тој процес на работење два-три месеца ќе даде дополнителен образовен елемент кај нашите актери. После такви процеси театарот едноставно станува позрел, се гледаат недостатоците и нова генерација млади актери – објаснува уметничкиот директор на МНТ, Дејан Пројковски.

Сребра Ѓорѓијевска

До пред некоја година се радувавме кога можевме да проследиме нивни претстави од странски продукции, а годинава ќе ги имаме тројцата во една година, вели уметничкиот директор на Македонскиот народен театар, во врска со работата на големите режисерски имиња годинава. Иван Поповски, Александар Морфов, Томаж Пандур се сон за секој театар, а македонската публика ќе може да ги ужива годинава. Сите со големи класични наслови ќе и се посветата на програмата на МНТ. Со нивни нови продукции Морфов и Пандур ги гледавме лани, а годинава нивните имиња ќе бидат впишани во репертоарот на најголемиот национален театар во земјава.

За уметничкиот директор на театарот, Дејан Пројковски, МНТ годинава треба да ја потврди својата зрелост.

- 2015-а година си ја нареков лига на шампиони и мислам дека е многу клучна. Со доаѓањето на Андриј Жолдак се проверивме дека можеме да испорачаме квалитет што се бара, а и дали МНТ може да си дозволи да му се случуваат нови големи работи. Ме радува тоа што посебно Жолдак во разговори во Русија, вториот дел на „Електра“ си го нагласува како нов творечка насока. Фактот дека влеговме во големи преговори со театарски фестивал од Виена за 2016 година за копродукција што би ја работел токму тој, зборува за тоа колку тој бил задоволен овде. Важно е да создаваме големи претстави – вели Пројковски.

МНТ: Добрите режисери го јакнат ансамблот Тој додава дека во последните две години го освојувале новиот простор во сценска смисла, а следна фаза би било да се спојат сите придобивки за да се спои големиот ансамбл и технолошките придобивки. - Дојде време да не се радуваме на претстави само на МОТ, на Охридско лето, да чекаме специјални гостувања, ами ги имаме режисерите кај нас и тој процес на работење два-три месеца ќе даде дополнителен образовен елемент кај нашите актери. После такви процеси театарот едноставно станува позрел, се гледаат недостатоците, се гледа новата генерација млади актери – објаснува Пројковски. Прва премиера што би излегла годинава ќе биде „Вујко Вања“ на Зоја Бузалковска, која во МНТ последен пат работела во 1999 година на премиерата на „Песочна сложувалка“.

Би следела премиерата на „Дон Кихот“ од бугарскиот режисер Александар Морфов. Пројковски објаснува дека уште во студентските денови ја следи неговата работа на театарските сцени во Софија, а особено во театарот „Иван Вазов“, каде Морфов неодамна стана уметнички директор.

- Студирав во Бугарија и тогашниот Народен театар беше на многу ниско ниво. Морфов ја работеше „Бура“ во театар „Софија“, а „Волшебна ноќ“ во Враца. Кога гостуваше во „Иван Вазов“ со тие две претстави, во тој театар се случи револуција. Преку ноќ почна да се полни со публика. Според мене, Морфов и Лили Абаџиева се меѓу најзаслужните режисери што го прават тој театар да биде голем каков што е – смета Пројковски. Наесен се очекува да излезе премиерата на „Мајсторот и Маргарита“ од Булгаков, чии проби уште лани ги почна Иван Поповски. Нашиот културен амбасадор во Русија ќе и се врати на својата актерска екипа на пролет, кога треба да се заврши претставата. Поповски последен пат во Македонија ја постави „Маседоан Одисеја“ во далечната 2001 година. Големиот словенечки режисер Томаж Пандур, која лани беше гостин на „МНТ-фест“ со неговата „Медеја“ ќе почне со работа 1 октомври. Првичниот план е да ја работи „Зимска бајка“ од Шекспир, но можно е да се премисли и да ја работи „Фауст“, објаснува Пројковски.

МНT: Голем театар и годинава

Заедно со в.д директорот на театарот, Дејан Лилиќ, веќе се работи на програмата на новото издание на „МНТ-фест“.

- Годинава ќе обрнеме внимание на нови работилници, а неколку гости што ќе ги поканеме, ќе настојуваме да режираат в година, исто како што направивме со Морфов и Пандур. Повторно ќе собереме големи национални театри. Ако лани го имавме „Глоуб“ и годинава ќе имаме голем театар од Европа. Во моментов веќе имаме на ум две-три имиња што би работеле во наредните две години – вели уметничкиот директор и додава дека една од најважните работи за театарот годинава ќе биде да се отворат вратите кон светот, а факт дека тоа почна да се случува е поканата во април да гостуваат на меѓународен фестивал во Националниот театар од Будимпешта, со претставата „Вечната куќа“.

Во однос на помладата публика, театарот ќе реализира проект за соработка со средните училишта. Имено, по избор на училиштата, годишно би се поставувале по една до две претстави според лектирни изданија, а младите ќе можат да го видат театарот и зад сцена.

Пројковски е задоволен од изборот на новите режисери, драматурзи што ќе го градат имиџот на оваа институција.

- Последните неколку години се многу важни за културата, се реши проблемот на театарската зграда. Досега генерално сите игравме во мизерни услови. Втората фаза е влезот на драматургот во театрите. Тоа е голем потег. Влезот и на режисерите ќе го засили чувството на трупа и можноста секој театар да си се издвои, тие ќе го освестат повеќе репертоарниот момент. Успеавме да го вработиме Дејан Дуковски, тој е икона и неговото место е тука. Земавме и млади автори кои ќе можат да растат со МНТ – појаснува Пројковски.

Во МНТ во тек е избор на нов директор. Четиригодишниот мандат на Дејан Лилиќ истече во ноември, а Владата се уште се нема изјаснато дали актерот ќе добие втор мандат или ќе биде заменет со ново име.

Сребра Ѓорѓијевска[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
published in Содржина
%PM, %13 %574 %2014 %14:%Мај

Музејска поставка

Музејот на МНТ работи во рамките на НУ Македонски народен театар, како нејзин интегративен дел. Запишан е во Централниот регистар на Република Македонија на 17 мај 2014 година и е единствен од тој тип кај нас: театарски музеј. Основната задача на неговиот иницијален тим е собирање на примарната и секундарна театрографска граѓа, која систематски се дигитализира и организира во соодветни збирки и потоа изложува пред јавноста.

Музејот е концепиран според највисоките музеолошки стандарди, како постмодерен музеј чија постојана поставка е концепирана како динамична, интерактивна комбинација на реални експонати и дигитални презентации низ кои ќе се раскажуваат оние мали и големи тајни, приказни и вистини за театарот, неговите актери, режисери, драматурзи, сценографи, костимографи ... Обмислен е како поставка која ја скратува дистанцата помеѓу изложениот предмет и посетителот преку директен поглед од сите страни на експонатот. Овој постмодерен концепт на пристап и изложување со движење низ музејските поставки овозможува дополнително откривање и истражување на театарската историја на МНТ и предизвикува поголема љубопитност кај секој посетител за сите негови содржини.

Музејската збирка содржи оригинални предмети и фотографии кои се сопственост на Музејот, добиени преку донации од личности и откупи од Министерството за култура на Република Македонија. Со ваквиот приод се обрнува внимание на важноста на собирачката дејност на автентични музејски предмети. На тој начин се создава драгоцена база на податоци, предмети и фотографии од сите фази на развојот на МНТ, преку кој се следи и развојот на македонскиот театар, неговите најпознати и најзначајни личности, претстави, настани и достигнувања.

Музејската збирка се состои од повеќе меѓусебно компатибилни збирки на плакати, фотографии, програмски книшки, сценографски и костимографски скици, макети, текстови и партитури, документи (вклучително и личните документи на актерите, режисерите, драмските автори...), костими, реквизити, мебел ... Преку овие збирка посетителите можат да се запознаат со македонскиот театар но и да ги видат личните збирки на театарските легенди. Меѓу огромниот број на експонати се диктафонот на Петре Прличко со кој тој ги подготвувал своите улоги, брадата на Илија Џувалековски како дел од костимот на Тевје во Свирач на покрив, оригиналниот костим на Мери Бошкова во улогата на Живка во Госпоѓа министерка, ракописите на Живко Чинго, партитурите на Зина Креља, диригентското стапче на Тодор Скаловски, накитот на Ана Липша – Тофовиќ ... Но, и оригинално помошно столче и оригинален фрагмент од лустерот од Старот театар, сочуван од актерката Нада Гешовска.  

Постојаната музејската постановка поставена низ фоајеата на зградата на МНТ ги раскажува најмаркантните епизоди од историјата на македонскиот театар: од оригиналните разгледници и фотографии од зградите во кои претставите се играле до 1927 година преку витрините посветени на изградбата на Стариот театар, оригинални нацрти од 1926/27 година и симболичниот омаж за истата зграда, урната по земјотресот од 26 јули 1963 година, до модерниот театар.

Една од најатрактивните збирки на Музејот на МНТ е Уметничката збирка, која постојано се збогатува и надополнува и вклучува повеќе од 100 оригинални уметнички дела (слики, карикатури, скулптури, цртежи, макети), над 2000 сценографски и костимографски скици, над 2500 фотографии, над 7500 негативи, и костими во кои играле некои од најрелевантните актери, пејачи и танчери во седумдецениската историја на МНТ: од Петре Прличко, Мери Бошкова, Тодорка Кондова, Илија Милчин, Данка Фирфова, Зина Креља, Елпида Паковска... до Весна Петрушевска и Никола Ристановски. Визуелниот приказ на драмите кои низ целиот период биле играни на сцената на МНТ денес се видливи преку големиот број на фотографии; сценографски скици на Томо Владимирски, Василије Поповиќ – Цицо и Бранко Костовски, но и скици од првите до денешните костимографи: Ана Петрова, Рада Петрова – Малкиќ, Јелена Патрногиќ, Ѓорѓи Здравев, Владимир Гергиевски, Елена Дончева, Лира Грабул, Илина Ангеловска ...

Тука е една од најкомплетните збирки на Василије Поповиќ – Цицо, карикатурст и долгогодишен сценограф на Македонски народен театар: неговите луцидни и секогаш атрактивни карикатури, скици и лични предмети. Неизбежни се уметничките слики на академскиот сликар Димитар Кондовски – оние на гордиот Петре Прличко, постмодерно прикажаниот Кирил Ќортошев, Ана Липша – Тофовиќ и нејзинто шамивче покрај пијаното... ; портретите на Тодор Николовски, Ристо Шишков, Блаже Конески и Томе Арсовски на сликарот Коле Манев; и сликите на кои се прикажани изгледите на стариот театар на сценографот и уметник Бранко Костовски. Со своето мајсторство на потег и израз се истакнуваат и бистите на Тодор Николовски и Горан Стефановски изрботени од рацете на Илија Аџиевски, скулптурите на Димо Тодоровски кој во белината на мермерот ја замрзна балетската патика на Натка Пенушлиска и во бронза го зачува ликот на Ана Липша – Тофовиќ. А, ликот на Петре Прличко како познатиот добар дух на МНТ, извајан во бронза од Томе Серафимовски, е тука засекогаш да го поздравува секој стар и нов добронамерен посетител на Македонски народен театар – Скопје!

published in За МНТ
Страница 3 од 82
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk