Сашка К. Димитровска е родена на 9 јули 1978 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 2001 г. Од 2006 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.