Тина Трпкоска е родена на 20 мај 1988 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Фaкултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владо Цветановски и доц. Мими Таневска, во 2011 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.