Софија Насевска-Трифуновска е родена на 25 април 1985 г., во Битола. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владо Цветановски, во 2007 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.